Home » Во фокусот » Тејлор Свифт “најде инспирација“ во славната реклама на Кензо

Тејлор Свифт “најде инспирација“ во славната реклама на Кензо

Социјалните мрежи веднаш ја осудија пејачката за “крадење на Кензо рекламата”

Тејлор Свифт го објави својот  нанов спот за песната “Delicate“, и доколку ви е познат од некаде, веројатно постои силна причина за тоа. Всушност, овај спот неодоливо потсетува на познатата реклама од 2016 година, што е за компанијата Кензо ја режираше Спајк Џонз.Сличностите не се само во естетиката, туку и во самата кореографија во спотот.

Слично како и во рекламата на Кензо, во  “Delicate“ гледаме девојка (Тејлор Свифт), која почнува чуден танц за разбивање на досадата на една гала вечера, во впечатлив вечерен фустан, одејќи по ходниците на гламурозниот хотел и статисти кои изгледаат дека воопшто не забележуваат што се случува.

Затоа, не е ни чудо што многумина ја обвинуваат познатата пејачка за “крадење” на спотот на Кензо. Погледнете ги двете видеа подолу и одлучете сами дали е тоа така.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365