Home » Extra 5 » Технолошка награда за платформата United Cloud и EON

Технолошка награда за платформата United Cloud и EON

United Cloud ја освоија наградата CSI за платформата EON во категоријата „Најдобра технологија или услуга за мобилна телевизија“ на најпрестижната светска конференција за електронски медиуми и технологија IBC 2018, која се оддржа во Амстердам, Холандија.

Наградите CSI се доделуваат веќе 16 години и се сметаат за едни од најпрестижните во индустријата. Овие награди ги промовираат достигнувањата во секторот за медиски пренос, видео продукција, OTT и IoT услуги.

Во натпреварот помеѓу технолошките компании, тимот за развој на United Cloud доби признание за технолошкото решение што го создадоа за услугата EON, покажувајќи дека нивните производи се на ниво на светскиот стандард.

Платформата EON е бесплатно достапна и во Македонија за сите претплатници на Total TV.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365