Home » Компании » „Телекабел“ годинава ќе започне да нуди мобилна телефонија

„Телекабел“ годинава ќе започне да нуди мобилна телефонија

Телекабел оваа година планира да понуди мобилна телефонија, најави првиот човек Роберт Димитров по повод 21 година од постоењето на компанијата со 100 процентен домашен капитал.

Тој рече дека се уште се прават анализи, бидејќи се бараат сериозни инвестиции. Анализите се при крај и конечно ќе се донесе одлука, за новите предизвици на компанијата.

„На 15 јануари 1997 година го направивме првиот кабелски приклучок. Во 2004 година го воведовме првиот кабелски интернет. Во 2008 стартувавме со фиксната телефонија.Во 2018 планираме да биде годината во која ќе понудиме мобилна телефонија. 21 година сме без обврзувачки договори“, напиша Димитров на неговиот Фејсбук профил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365