Home » Во фокусот » ‘’Темната страна’’ на content маркетингот

‘’Темната страна’’ на content маркетингот

‘’Креирајте допадлива содржина,  креирајте вредности, воодушевете ги своите корисници , бидете одлични раскажувачи, корисниците ќе ја пронајдат вашата содржина на Internet, креирајте врски со своите потрошувачи првенствено, а потоа ти ќе го купат од вас тоа што им е потребно’’….

content-is-king-1132259_960_720

Ова се само дел од советите на маркетинг експертите, и сите тие звучат оправдано и одлично.Тие ги советуваат често и бендовите дека е потребно да се однесуваат како да се издавачи. Seth Godin, еден од најистакнаттите маркетинг умови на нашето време дури истакна и дека ‘’content’’ маркетингот е единствениот маркетинг кој преостанува.

Во оваа слика постојат бројни прикриени проблеми.
Прво –кој е трошокот за да се направи одлична содржина која ќе тече континуирано, кој е трошокот да се промовира таа содржина?
Овој пристап може да биде скап за голем број на бизниси, а второ ROI – повратот на инвестициите од влогот во содржината не го оправдува трошокот.

Доколку размислувате за ваков тип на маркетинг стратегија, потребно е да ги разгледате следните 4 аспекти низ 4 прашања на кои е потребно да дадете одговор.

1. Колку фреквентно ќе објавувате содржини?
Доколку размислувате повремено да напишете некој блог пост, да додадете неколку клучни збора, и да очекувате дека вашите објави ќе се појават при пребарувањето на Google на неговата прва страница и дека ќе станат вирални тогаш не ја гледате големата слика. Тоа може и нема да се случи. Со пишување на еден до два поста на блогот неделно е исто како да сте фрлиле чаша сол во океанот – нема да направи голема разлика. За да креирате импакт, потребно е да креирате 10-20 написи неделно ако не и повеќе.

Компанија за производство на душеци ја лансирала својата маркетинг платформа на содржински (content) маркетинг. Вработила тим од 4 вработени чии активности вклучували пишување од 100 до 200 текстови пред лансирањата како и во просек 8 написи дневно во период од 1 година. Оваа стратегија им се исплатила.

Elite Daily, во своите почетоци креирала 100 објави дневно наменети за читање одд страна на незините миленијални клиенти. Замислете дека сте бренд која сака да се однесува како издавач кој низ содржински маркетинг сака да им се приближи на своите таргет групи и да го привлече и задржи нивното внимание- тоа е тешка и голема задача за чие извршување потребни се и соодветни ресурси и иницијативи.

2. Кој ќе ја креира таа ”одлична содржина”?
Имате три избори:
– можете само да пишувате содржина
– имате интерен тим во рамките на вашата компанија
– ќе изнајмите надворешни професионални соработници

Доколку содржината ја пишувате сами, веруваме дека најдобро го познавата својот бизнис но потребно е да запомнете дека пишувањето на квалитетна содржина вклучува соодветно вложување во време и посветеност кон таа работа. Друга острица на овој пристап претставуваат вештините за пишување. Не секогаш можете да ја имате и експертизата и талентот за пишување, или пак едноставно да го немате соодветното време да за му се посветите на пишувањето.
Доколку содржината му ја доверите на внатрешен работен тим во компанијата или пак на фриленсер запомнете го следното правило”Содржината е толку добра колку што се и вештините на лицето кое ја креирало.”

Доколку најмите практиканти, содржината која ќе ја добиете ќе ризикувате да биде на почетничко ниво без особен квалитет.  Доколку најмите фриленсер или пак агенција вашите трошоци ќе бидат повисоки меѓутоа ќе добиете содржина креирана од тим/лице со искуство.

3. Како ќе ја промовирате вашата содржина?
Повеќето креатори на маркетинг содржини ќе се согласат дека органската видливост на содржината не постои. Социјалната мрежа Facebook објавите на брендовите ги става во втор план под објавите на пријателите и роднините. Дури и најдобрата содржина има потреба од промоција поради големиот обем на податоци кои кружат на интернет.

4. Како ќе измерите ROI?
Не е ли целта на маркетингот да го зголеми приходот?
Не ја започнувајте приказната на содржинскиот маркетинг со зголемување на приходот како своја генерална цел. Кога станува збор за мерење на резултатите од објавените содржини, потребно е да се зборува за различни метрики како : прегледи на страницата, лајкови, споделувања, коментари, симнувања, пополнувања на форми и прашалници…

Конверзиите на ROI не се многу популарни поради тоа што многу е тешко да се измери директен ROI од content маркетинг, често е скап, но тоа не значи дека ваквиот тип на маркетинг не функционира.
Компании како American Express, GE, и Hubspot брилијантно ја користат неговата моќ во креирање на корисна и фасцинантна содржина за да стигнат до својата целна публика и да генерираат одлични крајни резултати.

Но треба да бидете практични и да ги познавате добро нештата во кои се впуштате, и да не заборавиме најважно е да знаете која е цената зад инвестирањето во брилијантна содржина.

• Размислете дали содржинскиот маркетинг е најдобро решение за вашиот бизнис.
Доколку имате ограничен буџет за маркетинг некои медиуми може за вас да функционираат многу подобро од останатите. На пример силен PR натпис во популарен магазин
• Погледнете на содржинскиот маркетинг од аспект на големата слика која стои зад комплетниот маркетинг микс на вашата компанија.
На пример доколку работите со продажба на облека или имате онлајн продавница која во голема мера зависи од SEO оптимизацијата за да креирате приходи онлајн, онлјан содржинскиот маркетинг е одличен каталист за вашиот успех при пребарувањето на Интернет.
• Трето, разгледајте и анализирајте кои се директните и индиректните придобивки од содржинскиот маркетинг и дали тие ги надминуваат вашите инвестиции, труд , вложено време и ресурси.
• Доколку се одлучите за ваков тип на стратегија, тогаш бидете проативни, обезбедете конзистентност, фрекфенција на квалитетни содржини и обезбедете платена промоција за подоцна врз неа да градите основа за органска гледаност на вашите содржини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365