Home » Во фокусот » “The CUP“ – овој Април во Белград

“The CUP“ – овој Април во Белград

Интерконтиненталниот адвертајзинг куп или едноставно наречен “The CUP“ овој Април, ќе го има своето 7-мо издание и ќе се оддржи близу нас, во Белград.

“The CUP“ беше создаден во 2007 година од организаторите на три големи регионални креативни фестивали : ADFEST (Asia-Pacific), FIAP (Ibero-American) и GOLDEN DRUM. После првата година, дел од “The CUP“ се и  ADC*E, односно клубот на Уметнички директори на Европа.

The CUP

Мисијата на “The CUP“ е да ја афирмира креативноста инспирирана од локалното опкружување. Целта на фестивалот не е да биде конкурент на ниеден друг фестивал, туку да промовира нов концепт кој овозможува локалната креативност да биде оценета од глобални судии. Тоа е природен продолжеток на праксата глобални судии да оценуваат локални фестивали.

Основен принцип на ова ново адвертајзинг натпреварување е дека сите финалистите од регионалните фестивали добиваат право да влезат во селекцијата на проекти кои ќе бидат оценувани од интернационалните судии на “The CUP“.

Во меѓувреме веќе беше објавена и листата на меѓународни судии која овојпат ќе биде предводена од еден од “духовните водичи“ на фестивалот Г-дин Мајкл Конрад, а свое заслужено место има и креативниот директор на New Moment – Душан Дракалски.

Останатите челнови на ова престижно жири се и:

SANTOSH PADHI, Chief Creative Officer & Co-Founder, Taproot India, Mumbai

SOPHIE SCHOENBURG, Copywriter, AlmapBBDO, Brazil

MARTIN SPILLMANN, Chief Creative Officer, Leo Burnett Western Europe

ADRIAN BOTAN, VP Creative Excellence McCann Erickson CEE

NAOKI ITO, Chief Creative Officer & Founder of Party Tokyo

JUAN SÁNCHEZ, Chief Creative Officer,  TBWA/Spain

Листата на категории во кои ќе се натпреваруваат пријавените проекти, можете да ја погледнете тука.

Најдобрите од најдобрите проекти ќе бидат оценувани од 13-ти до 17-ти Април, а завршната церемонија на  прогласување на победниците во повеќе категории ќе се оддржи на 17-ти Април во хотелот “Crown Plaza” во Белград.

Целата програма можете да ја погледнете на овој ЛИНК.

Повеќе информации за настанот можете да најдете ТУКА.

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365