Гардијан е првиот британски национален печатен медиум кој целосно ќе премине на биоразградлива амбалажа за својот весник, содадена од скроб од компири, наместо досегашните пластични кеси.
Оваа одлука Гардијан продолжува по стапките на сличните иницијативи на издавачите The New Internationalist и National Trust кои целосно ја отфрлија пластиката од своите публикации. Промената на амбалажата од пластична кон биоразградлива ќе се одива етапно, најпрвин преку викенд-изданието на весникот, а потоа и кај дневните изданија. Новата амбалажа ќе биде целосно еколошка и ќе може да заврши во корпите за рециклирање, наместо на отпадните депонии.
Од Гардијан не откриваат колку ќе чини оваа промена, но со промената на амбалажата истовремено беше соопштена и нова цена за весникот, која е повисока за 20 пени за дневните изданија, односно 30 пени за викенд-изданието.
Во однос на покачувањето на цената на изданијата, главниот уредник Кетерин Винер изјави: „Продажбата на весници е на историски ниско ниво, огласувачите ги трошат своите пари на технолошките гиганти наместо на издавачите, а трошоците за печатење, хартија и дистрибуција продолжуваат да растат.“