Home » Digital » Тим Бернерс-Ли, таткото на интернетот: Технолошките гиганти имаат преголема моќ

Тим Бернерс-Ли, таткото на интернетот: Технолошките гиганти имаат преголема моќ

Дигиталната револуција им овозможи на неколку американски технолошки компании да имаат голема финансиска и културолошка моќ од 1990-тите до денес, која е посилна од онаа што ја имаат повеќето суверени држави

Ако се запраша човекот кој го “измислил интернетот” (т.е. World Wide Web), Тим Бернерс-Ли, гигантите од Силиконската долина, како што се Гугл и Фејсбук, можеби треба да се поделат на неколку помали компании, пишува Ројтерс.

Имено, дигиталната револуција им овозможи на неколку американски технолошки компании да соберат финансиска и културолошка моќ од 1990-тите до денес, која е посилна од онаа на повеќето суверени држави.

“Постои опасност од концентрација”, вели Бернерс-Ли, денес 63-годишен професор на престижниот американски МИТ (Институт за технологија во Масачусетс) и Британскиот Универзитет во Оксфорд.

Епл, Мајкрософт, Амазон, Гугл и Фејсбук заедно имаат пазарна капитализација од 3,7 трилиони долари. Патем, толку тежи и германскиот БДП за 2017 година.

Меѓутоа, основачот на Интернетот е сепак претпазлив, па затоа предупредува дека влијанието на овие гиганти може да ги намали и промените на пазарот и технолошките иновации.

Инаку, Бернерс-Ли до идејата за интернет, првично наречена Mesh, дојде додека работел во CERN, Европскиот истражувачки центар за физика, а во 1990 година неговата идеја прерасна во World Wide Web. Како што вели, не постоел “Еурека” момент, туку многу работа, труд и искуство во работата на компјутерската индустрија.

Сепак, тој е разочаран од состојбата во која денес се наоѓа “неговиот” интернет и бројните скандали и пропусти околу заштитата на личните податоци, објави Ројтерс.

“Разочаран сум од сегашната состојба на интернет. Го изгубивме чувството на индивидуално зајакнување и мислам дека до одреден степен, првичниот оптимизам е распукан”, вели тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365