Home » Во фокусот » Моделите кои го дефинираат брендот Tissot

Моделите кои го дефинираат брендот Tissot

Tissot е часовничарски бренд основан во 1853 година од страна на Чарлс-Фелисиен Тисот и неговиот син Чарлс-Емил Тисот во швајцарскиот град Ле Локл во подножјето на планината Јура.

Овој швајцарски бренд го воведе првиот масовно произведуван џебен часовник, како и првиот џебен часовник со две временски зони во 1853 година и првиот анти-магнетен часовник во 1929 година. Чарлс-Емил Тисот во 1858 година заминал во Русија каде го проширил брендот и успешно продавал џебни часовници низ тогашната Руска Империја. Tissot е и првата компанија во светот која започна да произведува часовници од пластика во 1971 година (моделот Idea 2001), од камен во 1985 година (алпскиот гранитен RockWatch), од бисери во 1987 година и дрво во 1988 година.

Компанијата се споила со Omega во 1930 година, при што Tissot-Omega часовниците од овој период достигнуваат голема цена кај колекционерите. Од 1983 година, па се’ до денес, Tissot е дел од часовничарската групација The Swatch Group Ltd., која претставува најголем производител и дистрибутер на часовници во светот. Часовниците на Tissot во рамки на Swatch групацијата се класифицираат како производи за пазарот од „средна класа.“

Tissot е познат како еден од назастапените официјални мерачи на време за голем број спортски настани. За прв пат Tissot бил официјален мерач за време во 1938 година за трките со скии во Виланс-сур-Олон, во непосредна на нивното седиште под планината Јура. Денес, Tissot е официјалниот мерач на време за светските првенства во кошарка, велосипедизам, мотоциклизам, мечување и хокеј на мраз.

Часовниците на Tissot се нудат во неколку различни технички варијации, така што има повеќе модели кои имаат и автоматски и кварцен механизам, а понекогаш и соларни ќелии како извор на енергија Најголемиот број од моделите може да се најдат во различни дизајни, па така куќиштата можат да бидат од челик, злато, титаниум, платина или комбинација на неколку метали, со различно дизајнирани бројки и повеќе видови на нараквици.

Денес, колекцијата на Tissot е поделена во вкупно седум категории:

  • T-TOUCH

Мултифункционални тактички часовници до чии различни функции на хронограф, мерач на надморска височина, компас, аларм, термометар, барометар, дата и време може да се пристапи преку допирање на сафирното стакло со сензори. Колекцијата ги вклучува моделите T-Touch Expert Solar и T-Touch Lady Solar.

Tissot T-Touch Expert Solar

  • T-SPORT

Оваа колекција на Tissot ги вклучува нивните спортски и нуркачки часовници, меѓу кои се наоѓаат познатите модели како PRS 516, V8, Seastar 1000, T-Race и други. Колекцијата главно вклучува машки часовници, но има и неколку модели наменети за женски раце.

Tissot Seastar 1000

  • T-LADY

Колекцијата T-Lady ги вклучува некои од најиконичните женски часовници како моделите Flamingo, Lovely, Generosi-T и Cera. Некои од моделите содржат и вистински дијаманти и бисери.

Tissot T-Lady Flamingo

  • T-CLASSIC

Оваа колекција ги вклучува класичните, дискретни и безвременски дизајни на брендот. Таа е дом на моделите Luxery, Bridgeport, Couturier и Tradition, како и ценетиот T-Complication Squelette.

Tissot T-Complication Squelette

  • HERITAGE

Колекцијата Heritage ги вклучува новите едиции на старите модели на Tissot часовници произведувани во раните години на компанијата. Оваа колекција за прв пат беше лансирана во  2003 година, одбележувајќи ја 150-годишнината од основањето на Tissot. Меѓу другите, колекцијата ги содржи и култните модели Navigator и Visodate, кој пак претставуав еден од најпродаваните часовници со автоматски механизам во палетата на брендот.

Tissot Visodate

  • POCKET WATCH

Горди на своето наследство, Tissot се’ уште произведуваат џебни часовници, како што тоа го правеле од самото основање во 1853 година. Тие не се само доказ за фината мајсторија со која се одликува брендот, туку и за експертизата која се внесува во нивното производство. Колекцијата ги вклучува моделите Lepine, Savonnette и специјалните Musical Seasons џебни часовници кои создаваат вистинска музика со нивните движечки механички делови.

Tissot Musical Seasons

  • T-GOLD

Оваа колекција ги вклучува сите златни часовници од Tissot. Таа е широка колекција која расте секоја година. Еден од најелегантните модели во оваа колекција е 18-каратниот Gold Vintage, достапен во машка и женска верзија.

Tissot Gold Vintage

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365