Home » Во фокусот » Титаниум лавот од Кан “знае и на тапан” ! New Moment Rulz и во Порторож !

Титаниум лавот од Кан “знае и на тапан” ! New Moment Rulz и во Порторож !

Порторож вечерва е обоен во црвено и жолто. Првиот ден од Golden Drum 2013 помина во знакот на Македонија !  Што би се рекло, прво-па машко !

Њу Момент Скопје (New Moment New Ideas Skopje), една од трите агенции кои годинава ја претставуваат Македонија на Golden Drum, е апсолутен победник во натпреварувачкиот дел од првиот ден на Golden Drum 2013.

Дури 3 Гранд При награди со нивната кампања “10 метри одвоени“ која оваа година “растура” на сите фестивали каде беше пријавена. Спотот од истата кампања претходно годинава беше и добитник на “Титаниум лав“ во Кан, а влезе и во топ 25 на Balcannes регионалната ревија со најмногу освоени поени.

„10 метри одвоени“ е дел од пошироката кампања спроведена од Генералниот секретријат на Владата на Република Македонија за соживот и за религиска толеранција.

Гранд При, Њу Момент, Маркетинг365

Трите Гранд При награди кои Њу Момент со оваа кампања денеска ги доби во Порторож се во категориите Radio, New or Inovative (во оваа категорија Гранд При-то го дели со Getin Noble Bank од Полска) и Events.

На следниов линк можете да ги видите сите агенции кои денеска добија Grand Prix, Golden Drum, Silver Drum или влегоа во потесен избор.

Маркетинг365 на Њу Момент им честита за ова одлично достигнување и ним и на другите македонски претставници им посакува многу успех во претстојните фестивалски денови !

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365