battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Тодор Стојчевски : “Работно време или време за работа”

Тодор Стојчевски : “Работно време или време за работа”

Колумна на Тодор Стојчевски, директор на Агенцијата за односи со јавност „Чептер 4

Модификацијата на професионалните дејности, појавата на нови професии, како и опсегот на работни обврски, терминот „работно време“, кој до неодамна значеше – доаѓаш на работа, имал или немал работа, чекаш часовникот да го отчука крајот на последната „работна минута“ за да ја затвориш вратата од надворешната страна – повеќе не е и не може да биде во функција. „Времето за работа“ е плод на денешницата. Времето за работа не обврзува просторно, не обврзува временски, времето за работа нема ограничувања…времето за работа значи функционалност, практичност, ефективност, организираност

 Vreme za rabota - Chapter4 - Todor Stojcevski

 Факторот ВРЕМЕ е еден од предусловите да успеете да работите во професијата Односи со јавност. Освен тоа што треба да бидете инвентивен/а, креативен/а, стратегиски насочен/а, да знаете да комуницирате, многу да читате и уште повеќе да размислувате и што ли уште не во палетата предуслови, дефинитивно, нашата професија бара огромен волумен на „работно“ ВРЕМЕ.

 Пред да го почнам мојот работен век, честопати, сум бил во дилема дали постои професија која може да се работи нон-стоп. Велам, работата да се носи дома. Но, откако почнав да се занимавам со ПР – потврдив дека тоа е професијата која бара 24/365 дневен ангажман. Секако, има и многу други професии кои бараат постојан ангажман и не познаваат конкретизирано работно време – новинарството, земјоделството, меѓународната трговија, дипломатијата, консултанството…..

Скептиците веднаш ќе опонираат и речат дека ова е невомозможно. Тие велат дека сме човечки суштества на кои им е потребен одмор, дека мозокот треба да се рефрешира, мислите да се насочат….Иако делумно се сложувам, сепак тврдам дека нашиот темперамент и „востановени практики“ (од некој друг систем) ни наметнаа работно време од – до.

Модификацијата на професионалните дејности, појавата на нови професии, како и опсегот на работни обврски кои ги подразбира една професија, терминот „работно време“, кој до неодамна значеше – доаѓаш на работа, имал или немал работа, чекаш часовникот да го отчука крајот на последната „работна минута“ за да ја затвориш вратата од надворешната страна – повеќе не е и не може да биде во функција.

Затоа, тогаш, сме принудени да бидеме креативни (кога времето притиска, затајува креативноста), во тие осум часа работно време да бидеме најефективни, да се видиме со сите луѓе со кои работиме, да го направиме бизнисот… Во ова „од-до“ работно време, секогаш, мора да ги завршиме и административните обврски, да „претрчаме“ до болница, да однесеме деца до градинка или училиште. Се во осум часа. Што да добие приоритет? Како во другите 16 часа треба да „медитираме“ и не работиме ништо бидејќи се сме си завршиле во една третина од деноноќието.

Но, реалистите, се повеќе и повеќе, сфаќаат дека оддамна дефинираното работно време од 8 часа повеќе не е во функција. Законската норма треба и се почитува (во најголем случај). Но, нашата професија не дозволува да се ограничите и да функционирате само во тој временски период. Односите со јавноста не трпат временски ограничувања и роботски просторно врамувања.

 „Времето за работа“ е плод на денешницата. Времето за работа не обврзува просторно, не обврзува временски, времето за работа нема ограничувања… времето за работа значи функционалност, практичност, ефективност….Времето за работа значи организираност.

Благодарение на технологијата, нашето работно време е 24 часа, нашата канцеларија е мобилна (персонален компјутер и мобилен телефон), нашиот пазар е Светот. Може да работиме од дома, од плажа, на планина, ноќе или дење, лете или зиме, во различни временски зони. Нема ограничувања. „Благодарение“ на глобализацијата и технолошкиот развој, всушност, ја работиме професијата Односи со јавност во оваа констелација и на ова ниво на развој.

Затоа, драги колеги, простетете се од осумчасовното работно време. ПР професионалците немаат работно време. Подредете го животот на „нон-стоп“ работно време, согласно, потребите на клиентот. Да се разбереме, никој не ви забранува да живеете, да имате приватен живот, туку се бара добар „time-management“, ефективност, насоченост… Работете од каде сакате, но постојано… Не исклучувајте го мозокот, оставете го да работи и „вон работното време“. Иако сте вработени или сакате да се вработите, компанијата чувствувајте ја како своја. Тогаш, таа нон-стоп ќе биде со Вас и нема да Ви тежи во животот. Напротив, заедно ќе созревате и успеавате во практикувањето на професијата Односи со јавност.

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365