Home » Digital » Треба ли да им веруваме на инфлуенсерите?

Треба ли да им веруваме на инфлуенсерите?

Новиот тренд на социјалните медиуми изгледа крајно футуристички: компјутерски генерирани аватари кои изгледаат, зборуваат и се однесуваат како вистински луѓе

Довербата е од клучно значење кога се користат услугите на инфлуенсерите, но огласувачите честопати се сопнуваат на грешките од минатото на самите инфлуенсери, а сега мора да се справат и со новите предизвици со порастот на компјутерските инфлуенсери.

Најновиот пример за слабо направени претходни проверки доаѓа од Австралија, каде што владата одлучи да инвестира 600.000 австралиски долари во соработка со инфлуенсери на социјални медиуми, во рамките на својата кампања #girlsmakeyourmove. Кампањата беше лансирана од страна на Министерството за здравство за да ги охрабри младите жени да бидат активни.

Подоцна беше откриено дека некои Инстаграм инфлуенсери, кои биле плаќани и до 3.000 американски долари за еден пост, имале претходна соработка со алкохолни брендови и производи за екстремни диети. Исто така, неодамна е објавено дека австралиските одбранбени сили платиле два инфлуенсери од гејминг индустријата да огласуваат регрутирање во воздухопловството, преку видео записи на YouTube, но соработката беше ненадејно прекината кога на виделина излегоа нивни претходни навредливи коментари за жените и силувањето.

“Владата неодамна ја разгледа употребата на инфлуенсери и откри дека нема да бидат искористени во идни кампањи”, изјави Дејвид Колман, заменик-министер за финансии, пишува  Ad News.

Иако австралиската влада не помина добро, застапниците на инфлуенсер маркетингот, како Натали Гидингс од агенцијата The Remarkable, тврди дека “инфлуенсерите се искусни комуникатори, кои со текот на времето изградиле доверба, авторитет и влијание меѓу ангажираната публика.”

На пример, Австралијанците трошат од 6 до 15 минути со својот омилен инфлуенсер на YouTube, трипати неделно и ги следат, како што ги гледаат и своите омилени ТВ-емисии. Заборавете дека содржината е крал. Клучот се вистинските луѓе “, вели Гидингс.

Но, последните случувања во оваа област сугерираат дека работите можат да се променат, со појавата на роботизирани и компјутерски генерирани инфлуенсери. Микела Соуза од Лос Анџелес е еден таков инфлуенсер, која има 1,3 милиони следбеници на Инстаграм, па дури и се појави во реални ситуации, на пример заедно со модната инфлуенсерка Маргарет Жанг.

Фактот што Микела промовираше неколку модни кампањи, исто така, го поставува прашањето за тоа дали роботизираните инфлуенсерите наплаќаат и доколку е така, дали тоа им се открива на гледачите, кој е одговорен за тоа – креаторот (инфлуенсер) или брендот?

Гидингс го гледа тоа повеќе како академско прашање и не верува дека CGI инфлуенсерите ќе имаат големо влијание.

Довербата е клучен капитал. Дали клиентот ќе верува во тврдењата за некој производ за нега на кожа кој доаѓа од фиктивна личност? Чисто се сомневам.Луѓето се поврзуваат со вистински луѓе “, додава таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365