Home » Во фокусот » Тренди политичари и фанатични брендови – Што друго ни донесе Твитер деновиве?

Тренди политичари и фанатични брендови – Што друго ни донесе Твитер деновиве?

Кога ја проучував маркетинг стратегијата на Барак Обама за време на претседателските избори кои го донесоа на претседателската фотелја за прв пат во 2009 година, си помислив – ете пример кој долго време ќе биде релевантен и незаменлив во новите прирачници за онлајн маркетинг.

Не бев во право. Барем не целосно

За само неколку години Твитер продолжи вртоглаво да расте а со тоа и речиси неограничените можности за примена на оваа платформа за маркетинг цели од оние кои вистински знаат што прават.
Блескави нови примери и трендови се јавуваат постојано кои им пркосат на оние претходните на кои им се восхитувавме а оние кои следуваат подолу се не постари од една година.

Ајде да видиме до каде стигна Твитер генијалноста и моќта на Твитер заедницата

Newsjacking

Терминот се однесува на еден интересен тренд кадешто одреден бренд се обидува да се инјектира себеси за време на популарен настан со цел да поттикне разговор а последователно и поголем број на импресии, следбеници или која и да е целта на нивната Твитер кампања.

Иако терминот е популаризиран од страна на David Meerman Scott, првиот студиски пример кој го привлече вниманието на специјалистите за социјални медиуми потекнува од кој друг ако не од колачите Оreo, чиишто маркетери инстантно реагираа на краткиот и неочекуван прекин на енергија за време на Super Bowl 2013, со следниов твит:

Наскоро се приклучија и други брендови со свои твитови кои инстантно го искористија и трансформираа хаштагот #blackout заедно со “#superbowl. Уште еден интересен и секако креативен пример е Tide:


Секако најсвежиот а воедно и најдобриот пример за newsjacking (ич не ми успева да најдам соодветен термин на Македонски) го обезбеди Pizza Hut за време на неодамнешните Оскар награди. Pizza Hut надушка сочна можност во моментот кога водителката Елен Деженер ја праша публиката дали би сакала да сподели пица со неа, и инстантно го испали следниот твит:


Ја свативте поентата нели? За време на вакви популарни настани не би ме изненадило кога би слушнал дека Pizza Hut и платила добра сума на пари на Ellen DeGeneres само за да го спомене и уште повеќе да го стави баш нивниот бренд во одреден контекст макар и за секунда. Твитер заедницата ќе го направи останато.
Дали знаете сличен пример кој еве потекнува и од нашите простори? Споделете на крај во коментари.

Тренди политичари? NOT !
Се надевам дека Македонските политичари нема да бидат инспирирани од ова што е напишано подолу. Или пак можеби ќе најдат сосема поволна прилика да и во онлајн средината го манифестираат нивното се позастапено однесување за време на изборните кампањи.. па и меѓу времено.

Во секој случај, засега добро е…. забележувам дека деновиве најтрендовски хаштагови во МКД се #скопје и #добро утро..

Дали би можело и кај нас да се појави наскоро она што во Индија во последните неколку месеци претставува вистински политички Твитер феномен? Не дека можеме да научиме многу од Индиските политичари. Како и кај нас и тие не штедат зборови во меѓусебните напади и дебати

Меѓутоа ваквата атмосфера и однесување по сите изгледи е поттикната и од Твитер, со добро осмислена стратегија и цел, посебно во последните неколку месеци кога парламентарните избори во Индија се на хоризонт…

Еве зошто:
Пред неколку месеци владеачката партија во Индија го нарече својот опозициски опонент “napunsak” што во превод значи – импотентен.
Погодете што беше следно – во наредните неколку денови дури и нашите К-15 би можеле да седнат со склопоени раце и да научат или позајмат од речиси налудничавата креативност на Индиските твитерџии.

Тренд хаштаг меѓу првите 5 беше токму тоа мало зборче – napunsak.
По се изгледа кампањските менаџери на двете политички партии беа доволно паметни да ја осетат скриената можност обезбедена од Tвитер и целосно да го реосмислат сопствениот настап кој беше прилагоден на вокабуларот и тренд твитовите на твитер. Речиси во секој помасовен јавен настап фронтмените не пропуштаат да меѓусебно си изречат разноразни навреди. Најсвеж пример кој ми доаѓа на ум е моментот кога министерката на Делхи одеднаш ја окатегоризира целата опозициона партија како Сеачи на Смртта (Merchants of Death).

Истото зборче речиси инстантно беше акумулирано од заедницата и претворено во тренд хаштаг која опстојуваше еден пократок период на локално ниво.

Претходните два и уште неколку други примери делат еден заеднички образец – Кратки звучни и скандалозни – со други зборови лесно провокативни зборови и претворливи во хаштаг. Со оглед на масовната пенетрација на Интернет и социјалните мрежи во Индија секоја можност за импресија е пожелна без разлика на публицитетот која би можела да го донесе ( масите ќе бидат во главно со оној кој барем на основно ниво ги забавува).

Доколку имате забележано сличен пример и кај нас, споделете подолу во коментари.
Топол поздрав од Индија

За Авторот:

Блаже Аризанов го раководи одделот на Дигитален Маркетинг во Mobiloitte Индија. Поврзете се со него на LinkedIn и Google Plus

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365