Home » Во фокусот » Трендот на сензационализам преточен во иновативна интегрирана кампања на пензиските друштва

Трендот на сензационализам преточен во иновативна интегрирана кампања на пензиските друштва

Во изминатата недела сигурно сте налетале на некој сензационалистички наслов по социјалните мрежи поврзан со некој од познатите ликови на нашето поднебје, сте ги слушнале ударните вести на денот за тривијалните настани што се случуваат околу нас секојдневно или сте ја проследиле пензиската прогноза, која ја следи состојбата на пензиските заштеди во државата.

Сите овие пораки се дел од новата интегрирана кампања на пензиските друштва Сава пензиско друштво АД Скопје и КБ Прво пензиско друштво АД Скопје во соработка со Агенцијата за супервизија за капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), поддржана од маркетинг агенцијата „Дивижн“.

Кампањата, преку моќен и инспиративен слоган, навлегува во суштината на проблемот и повикува да се фокусираме на важното – на нашата идна пензиска заштеда. Целта на оваа кампања е да се информира населението каде одат средствата од задолжителните месечни надоместоци за пензиско осигурување и да ги едуцира сите осигуреници за работата на приватните пензиски столбови во склоп на вториот задолжителен пензиски столб, инвестициите што  ги прават тие и резултатите што се постигнати од нивната успешна работа во изминатите 12 години.

„Нашата главна цел и предизвик беше да го мотивираме населението да ја посети веб-страницата penzija.mk и да се информира за својата иднина. Податоците покажуваат дека во изминатите години бројот на осигуреници што ја провериле својата пензиска сметка е многу мал, па затоа сакавме да направиме една провокација, повикувајќи се на актуелните трендови по социјалните мрежи кои нè инспирираа да создадеме една нова форма на комуникација што досега ја немало на нашиот пазар. Статистиките покажуваат дека Македонците многу често читаат сензационалистичка содржина, решаваат онлајн тестови, поминуваат многу часови на видеоигри и слични неважни содржини. Ние решивме овој тренд да го „злоупотребиме“ за нешто што е навистина релевантно и важно во нашите животи, сѐ со цел да се допре до народот, кој е засегнат од вториот пензиски столб, а сѐ уште не е информиран за него. Нашите очекувања се дека оваа кампања ќе постигне одлични резултати“ – велат од „Дивижн“.

Во тизер фазата која се состоеше од „клик-бејт“ наслови, на македонските портали беа објавени вести за познатите личности Марјана Станојковска, Игор Ангелов, Едина Муса, Линдон Бериша и Петар Цветановски, кои беа во функција на „мамка“ со сензационалистички наслови кои водат до главната порака на кампањата – „Фокусирај се на важното“.

Кампањата е поддржана и со шест кратки реклами со тематика на вести и временска прогноза со познатите водители Петар и Маријана.

Пензиската прогноза можете да ја погледнете на следните видеа:

Вестите можете да ги погледнете на следните видеа:

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365