Home » Во фокусот » Погледнете ги трендовите и листата на најголемите огласувачи во САД

Погледнете ги трендовите и листата на најголемите огласувачи во САД

Најголемите огласувачи во Соединетите Американски Држави ги стегаат своите буџети, но затоа пак, инвестициите во рекламирањето се зголемуваат на интернет-пазарот. Ова беше клучниот увид од 63 годишен извештај на Leading National Advertisers, кој го објавува магазинот AdAge. Подолу, погледнете ги клучните сознанија од најновиот извештај кој ги истражува трендовите меѓу најголемите огласувачи во САД.

Топ 200 огласувачите во САД ги зголемиле своите трошоците за рекламирање и маркетинг услуги за само 1,1 проценти во 2017 година. Тоа е најслабиот раст од почетокот на закрепнувањето на огласувачкиот пазар во 2010 година, иако трошоците достигнаа рекордни 155 милијарди долари.

Интернет компаниите го предводат растот на вложувањата во огласувањето. Единаесет интерет брендови – вклучувајќи ги Amazon, Alphabet (Google), Expedia Group и Netflix – го зголемија растот на вложувањата за  24,4%. Трошењето на останатите компании кои се вклучени во овај извештај (189), падна за 0,4 проценти.

Амазон ја достигна петтата позиција на листата на најголемите огласувачи во САД во 2017 година. Ова претставува скок од 8 позиции во 2016 година, т.е. 70 позиции од 2010 година. Минатата година Амазон инвестираше околу 3,4 милијарди долари во рекламирање и промоции во САД, што претставува зголемување од 28%.

Трошоците за рекламни и маркетинг услуги за 200 водечки национални огласувачи во САД, паднаа минатата година во три главни категории: автомобилската индустрија за 7,3%; храна за 3,4% и финансиски услуги, за 0,3%. Автомобилските компании работат напорно за да ги намалат трошоците; Форд Мотор изјави дека инвестициите во рекламирањето ги намалиле во 2017 година во цел свет, бидејќи нивниот приход (2,6 %) се намалил на најниско ниво од 2003 година. Трговците со храна ги намалија своите инвестиции поради напорите да се справат со бавниот раст на индустријата и притисокот на инвеститорите за подобрување на нивните перформанси.

Меѓу првите 200 огласувачи, 111 ги зголемиле инвестициите во рекламирањето. Најголем пораст е забележан кај сајтот за кредитирање LendingTree, чии инвестиции пораснале за 69%. Најголемо опаѓање забележал малопродажниот ланец Sears Holdings, од 39%.

200-те најголеми национални огласувачи продолжуваат да го поттикнуваат силниот раст на дигиталното рекламирање и се оддалечуваат од традиционалните медиуми. Нивните инвестиции во медиумите, не вклучувајќи ги дигитални медиуми, паднаа за 4,8%, според анализата на податоците на агенцијата Kantar Media на WPP, спроведена од страна на Ad Age Datacenter.

Интернет-компаниите, од друга страна, ги интензивира своите инвестиции во традиционалните медиуми. Единаесет компании од листата кои главно работат преку интернет, минатата година ја зголемија потрошувачката на измерените медиуми (без дигитални медиуми) за 19,1 проценти. Тоа е голем скок, но дигиталните медиуми сеуште се во центарот на интересот на интернет-компаниите. Така на пример, веб страницата LendingTree вложува девет од десет долари во онлајн реклами.

Најголемите 200 национални огласувачи во САД, минатата година ја сочинуваа половина од медиумската потрошувачка во САД, вклучувајќи речиси две третини (66%) на ТВ огласување.

Брендот Geico се огласувал најмногу во 2017 година, а веќе втора година по ред се најде на врвот на листата на најголеми американски инвеститори во огласувањето. Брендот Geico на компанијата Berickshire Hathaway беше единствениот бренд со инвестиција во мерено рекламирање над 1 милијарда долари (1,4 милијарди долари).

И следната година се очекува дека на врвот на целокупниот извештај на оваа листа ќе биде Comcast Corp и дека ќе ја задржи својата позиција како најголем инвеститор во вкупното огласување. Компанијата AT&T (вклучувајќи ги новостекнатите Time Warner, сега WarnerMedia) веројатно ќе биде огласувач број 2. Проценетите инвестиции за рекламирање во САД во 2017 година за овие две компании изнесувале 5,7 милијарди долари во Comcast и 5,2 милијарди долари за AT&T и WarnerMedia заедно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365