Home » Во фокусот » Три IAB Mixx награди за дигиталниот тим на McCann Белград

Три IAB Mixx награди за дигиталниот тим на McCann Белград

Наградени проектите за компаниите Coca-Cola, Infostud и Froneri Adriatic

Во единствениот 100% дигитален глобален натпревар, во конкуренција на вкупно 48 пријавени кампањи, дигиталниот тим на McCann Белград освои дури три награди.

Кампањата „Nađi novi posao“ за клиентот Infostud освои награда во категоријата Best Video Advertising Campaign, „Pirulolci“ за Froneri Adriatic, освои награда во категоријата Best Branded Content , а „Coke <3 Local“ за компанијата Coca-Cola освои награда во категоријата Best Cross Media Integratio.

“Секогаш е добро чувството кога ќе размислите за идеите за кои интуитивно знаете дека во себе имаат нота на извонредност, чијшто потенцијал клиентот го препознава, а заедницата го наградува. Проектите за кои добивме награди се совршена илустрација на принципите кои ја водат нашата работа: целта се идеите кои произведуваат значење, концептите кои го продлабочуваат нашиот однос спрема вредностите на брендот и нас самите. Наградите IAB Mixx претставуваат уште една од низата потврди дека овие принципи донесуваат значајни резултати и се поттик за тимот”, изјави Сандра Стојановиќ, Digital Copywriter во McCann Белград.

“Наградите за дигиталните проекти се голем поттик за нашиот тим. Секојдневно се обидуваме да размислуваме за иновативни начини за да ги поврземе офлајн и онлајн светот. Новите технологии секојдневно се развиваат и напредуваат, а наградите се потврда за добрата работа и креативното користење на технологијата. Тимската и личната мотивација е просторот кој го имаме за да  работиме со брендовите кои се подготвени за големи нешта и заеднички да ги диктираме новите трендови”, додаде Марко Живковиќ, Associate Technical & Interactive Manager во McCann Белград.

Наградите IAB Mixx (Marketing and Interactive Excellence Awards) ги наградува оние кампањи кои ги поставуваат стандардите во индустријата на дигитален маркетинг, кои инспирираат, едуцираат или на иновативен начин ги користат новите технологии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365