Home » Во фокусот » Телевизија 24 Вести одсега достапна на сите кабелски и дигитални платформи во Македонија

Телевизија 24 Вести одсега достапна на сите кабелски и дигитални платформи во Македонија

На задоволство на сите ТВ гледачи, телевизија 24 Вести од пред неколку дена е достапна и преку Вип ТВ Лајт (Vip TV Lite), претходно попозната како Бум тв.

24 Vesti

Со ова дополнување на Вип ТВ Лајт, 24 вести станува присутна на сите кабелски и дигитални платформи во Македонија со што станува достапна до сите домаќинства во земјава.

24 Вести ќе ја најдете на Вип тв Лајт, со едноставно прескенирање на каналите, односно ресетирање на уредите кои ви ги овозможува оваа платформа.

Приклучувањето на 24 вести на Вип тв лајт, доаѓа во време на освежување на програмската шема на телевизијата од содржински и визуелен аспект, што треба да донесе нова енергија на медиумскиот информативен пазар во Република Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365