Home » Во фокусот » Твитерџиите наутро објавуваат аналитични и смирени твитови, а навечер емотивни и импулсивни

Твитерџиите наутро објавуваат аналитични и смирени твитови, а навечер емотивни и импулсивни

 

Корисниците на Твитер во утринските часови пишуваат смирени и аналитички објави, додека во вечерните часови тие се емотивни и импулсивни, покажа обемната анализа на твитови направена од автори на Универзитетот Бристол во Англија, откако анализирале седум милијарди зборови во повеќе од 800 милиони пораки на Твитер.

Експертот од Универзитетот во Бристол за вештачката интелигенција Нело Кристианини  и неговите колеги, анализирале анонимни пораки на Твитер во 54 големи градови во Велика Британија за период од четири години и да ги класифицирале според 73 индикатори поврзани со различни стилови на размислување.

Студијата, објавена во научното списание Plos One, покажа дека корисниците помеѓу 5 и 6 часот наутро, користат најголем удел на зборови поврзани со логично размислување, интелигенција и образование.

Стилот на пишување се менува кога паѓа ноќта и станува повеќе емотивен и импулсивен, но, исто така, и повеќе друштвен. Помеѓу 3 и 4 часот наутро, објавите стануваат поегзистенцијални по природа, а изразените емоции се далеку помалку позитивни.

Анализата на медиумските содржини, доколку е направена правилно, може да ни даде вредни информации за социјалните и биолошките науки. Сè уште се обидуваме да научиме како најдобро тоа да го искористиме“, изјави коавторот на студијата, Стафорд Лајтман.

Студијата заклучува дека употребата на јазикот се менува силно и очекувано според дневниот циклус на телото и тоа се вклопува во разликите во нервните активности на ниво на мозокот, метаболизмот и хормоните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365