Home » Во фокусот » Twitter отсега и на Apple TV, Fire TV и Xbox One

Twitter отсега и на Apple TV, Fire TV и Xbox One

Twitter пронаоѓа начини со кои ќе продолжи да расте – а тоа придонесува за барање на начини како да допре до нова публика надвор од нашиот телефон.

twitter timeline on tv

Минатата недела, компанијата соопшти дека лансира нова апликација со која Twitter ќе биде достапен преку Apple TV, Xbox One и Amazon Fire TV,со што ќе им се овозможи на корисниците да ја видат содржината на Твитер преку апликациите – директно на нивните телевизори.

Тоа помеѓу другото вклучува и гледање во живо на NFL натпреварите, како и други видеа во живо кои се на располагање на Твитер. На Apple TV, корисниците ќе можат да ги видат во живо топ твитовите рамо до рамо со најдобрите постирања на Vine и Periscope.

Ова е интересно од неколку причини. Прво, отвора цел нов свет за емитување содржини во живо а исто така нуди и нови можност за користење на Apple TV и другите опции.
Како што Twitter потпишува договори за нови партнерства со организации, (како со NFL) за дополнителни преноси во живо, така се отвараат и повеќе врати за нови содржини за корисниците кои не се заинтересирани да користат кабловска претплата.

Твитер одамна сака да биде бродкастер, дали ова е најсериозниот чекор кон тоа? Ние сметаме ДА !

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365