Home » Digital » Твитер избриша 70 милиони лажни профили

Твитер избриша 70 милиони лажни профили

Комапанијата Твитер започна борба против лажни и сомнителни профили на својот сервис, односно т.н. “ботови” и “тролови”, поради што во текот на изминатите неколку месеци биле суспендирани околу милион такви профили на дневна основа.

Целта на оваа кампања е да се намали количината на дезинформации на оваа платформа, а брзината со која профилите се бришат е двојно зголемена во споредба со октомври минатата година, кога под притисок од страна на американскиот Конгрес од Твитер открија дека Русија користела лажни профили за време на претседателските избори во САД.

Од извори блиски на Твитер, постојат информации дека на укинувањето на толку многу лажни профили им претходеле интензивни внатрешни дебати, пишува Вашингтон пост.

Во текот на мај и јуни, Твитер укина повеќе од 70 милиони лажни профили, а “расчистувањето” со исто темпо продолжи и во текот на јули.

Во исто време, компанијата ја искористи можноста да се “ослободи од” профилите кои ги спамираат ретвитовите, со цел да промовира поискрена интеракција меѓу корисниците.

Според потпретседателот на Твитер задолжен за доверба и безбедност, активните профили продолжиле со редовна објава на твитови.

Агресивното отстранување на несаканите профили може да предизвика пад на бројот на корисници во текот на вториот квартал од годината, открива изворот на Вашингтон пост. Сепак, од Твитер, не сакаа да коментираат за можното намалување на бројот на корисници.

Сигурно е дека овој потег е повлечен за да се ограничи влијанието на луѓето кои ја злоупотребуваат оваа популарна социјална мрежа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365