Home » Во фокусот » „Уа, шнајдери!“ – герила акција за распределбата на парите во културата

„Уа, шнајдери!“ – герила акција за распределбата на парите во културата

Огромна ножица на која пишува „Уа, шнајдери“ е поставена утрово на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Фото: Никола Писарев

Новата герила-акција е вид на протест поради распределбата на средства во годишната програма за култура.

„Двапати мери, еднаш сечи. Културата мора внимателно да се крои за да не биде после унакажана, монтирана, лепена и сечена. Културата не може и не смее да биде монета за поткусурување и пеглање на партиските интереси, политикантите и апетитите на поединците. Културата е жива метрија и не смее да биде умртвувана заради повисоки интереси“, стои во описот на акцијата.

„Недозволиво е организации стари 10 дена да имаат предност над културното наследство старо 10 века. Сите присутни во националната стратегија за култура треба да се пресликуваат во годишните програми, а не да се изоставаат на страна“, пишува на таблата.

извор: Radio Mof

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365