Home » Во фокусот » “Убер“ планира кампања вредна 500 милиони долари за да ја поправи репутацијата

“Убер“ планира кампања вредна 500 милиони долари за да ја поправи репутацијата

“Убер” планира кампања вредна 500 милиони долари за подобрување на нејзината репутација

Компанијата “Убер“ сака да ја поправи својата репутација, која неодамна претрпе бројни удари по пишувањата во медиумите за несоодветното однесување во компанијата, а имаат намера тоа да го направат со голема имиџ кампања.

Според пишувањата на медиумите во светот, оваа апликација за резервирање превоз, планира да инвестира 500 милиони долари во кампања, која е дел од еден поголем ПР проект, кој веќе е во тек во САД, со лично ветување на извршниот директор Дара Косровшахи, дека ќе изгради подобра работна култура за вработените, возачите и патниците.

Коментирајќи ги недостатоците на Убер во една ТВ реклама, Косровшахи изјави: “Една од основните вредности на нашата компанија е секогаш да ја направиме вистинската работа. И ако имало случаи каде што не сме успеале во тоа, се обврзуваме да бидеме отворени, да преземеме одговорност за проблемот и да го поправиме. Го имате мојот збор да изградиме уште подобар пат за Убер и за оние кои секој ден се потпираат на нас “.

Сепак, дел од вработените на компанијата не се премногу задоволни со тонот на целата кампања, сметајќи дека може да се гледа како на признавање на вина. Косровшахи не се согласува со ова мислење и тој е решен да ги остави зад себе неодамнешните инциденти, со цел компанијата по неколку месеци се врати на стабилна основа, пишува TheDrum.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365