Home » Во фокусот » Убер повторно се ребрендира

Убер повторно се ребрендира

Поминаа помалку од две години од последното ребрендирање на компанијата Убер, а сега се одлучија за уште едно

Убер очигледно напорно се труди да го поправи својот имиџ по низата критики и проблеми со кои се соочија за само неколку години. Сега компанијата се одлучи за уште едно ребрендирање, кое може да се види како дел од овие напори. За помалку од две години од претходното ребрендирање, компанијата сега уште еднаш го редефинира својот визуелен идентитет, откривајќи го новото лого, кое претставува едноставен збор “Uber“, напишан со посебен фонт.

Новото лого ќе го замени претходното секаде каде што моментално се појавува иконата “Uber“, како што се нивниот Твитер акаунт, веб-страницата и мобилните апликации.

Uber исто така ќе го редизајнира и идентитетот на својот огранок Uber Eats, кој исто така ќе биде претставен со фонтот Uber Move, со голема “U”.

Портпаролот на Uber по повод новиот дизајн изјави: “Со задоволство го претставуваме своето ново, поедноставено лого за Uber апликацијата, кое ја враќа “U“, лесно е препознатливо и прилагодливо за сите 660 и повеќе градови во кои работиме.”

За редизајнот помогна консултанската куќа Wolff Olins, а новиот фонт беше дизајниран од MCKL.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365