Home » Extra 5 » Учествувајте во регионалното истражување за состојбата на комуникациските професии

Учествувајте во регионалното истражување за состојбата на комуникациските професии

Порталот Маркетинг мрежа од Србија, заедно со агенцијата Smart+ Research, започнаа со истражување кое се занимава со клучните теми од областа на маркетингот и комуникациите, како и трендовите за 2018 година.

Прашалникот е наменет за професионалците од секторите за корпоративни, дигитални комуникации и маркетинг од земјите од екс-Ју регионот (Србија, Хрватска, Макеконија, Словенија, БиХ и Црна Гора). Цел на ова истражување е да се согледа состојбата на професијата во регионот, како и трендовите и предизвиците кои не очекуваат во наредната година.

Со оглед на тоа што е исклучително важно да знаеме каде сме и каде сакаме да одиме, кога е во прашање развојот на професијата, ги повикуваме комуникациските професионалци од Македонија да земат учество во ова истражување и да го одговорат прашалникот на ОВОЈ ЛИНК.

Резултатите од истражувањето премиерно ќе бидат презентирани како групни за време на Форумот на комуникациски лидери – IZAZOV 2018, кој ќе биде оддржан на 12 и 13 март во хотелот Radisson Blu Old Mill во Белград, Србија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365