Home » Extra 5 » УЕФА Лига Европа има нов визуелен идентитет

УЕФА Лига Европа има нов визуелен идентитет

Храбар дизајн кој го потпишува брендинг агенцијата Turquoise, инспирација црпи од трофеите на натпреварувањето

УЕФА Лига Европа го претстави својот нов препознатлив визуелен идентитет, со акцент на динамичниот карактер на натпреварувањата, што резултира со “поостар” имиџ на оваа лига.

Новиот дизајн позајмува линии од триаголниот трофеј на Лига Европа, задржувајќи ги постоечките лого и бои, но со “бран на енергија”, којa треба да евоцира на индивидуалните патувања на европските клубови.

УЕФА соопшти дека брендирањето “и понатаму е инспирирано од силната врска помеѓу играчите и навивачите”, а Гај-Лорен Епштајн, маркетинг директор на УЕФА, објаснува: “Освежениот идентитет е храбар и посмел отколку порано. Подобро ќе се истакнува и ќе ни помогне подобро да се поврземе со фановите на повеќе допирни точки”.

Јонг-Вон Чо, маркетинг директор на автомобилска компанија КИА, која е спонзор на УЕФА Лига Европа, исто така е задоволен со новиот дизајн: “Новиот идентитет на брендот е живописен и храбар. Тоа е добар спој со бренд имиџот на Киа и се вклопува со нашиот глобален слоган ’Power to Surprise’.”

Новиот визуелен идентитет, кој е дизајниран имајќи ја предвид примената на мобилните уреди и социјални платформи, го потпишува брндинг агенцијата Turquoise, а новата химна на натпреварувањето е дело на продуцентската куќа MassiveMusic.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365