Велика Британија ќе стане прва земја на светот во која над 50% од вкупните пари за маркетинг ќе се трошат на огласување во дигиталните медиуми и тоа благодарение на огромната популарност на гаџетите, социјалните мрежи и он-лајн шопингот, пишува Гардијан.пренесувајќи ги резултатите од истражувањето на Group M.
Тоа значи дека на он-лајн медиумите ќе се потрошат околу 8 милијарди фунти.
Вложувањата во он-лајн маркетинг ќе порасне во некои други земји, како што се скандинавските. Во Шведска 47% од потрошувачката ќе оди за оваа намена, во Данска 43% и во Норвешка 40%.
На пример, во Австрија 42% од вкупниот износ на маркетинг ќе се троши на дигитално огласување.
Исто така, дисплеј огласувањето забрзано расте од 2013 година и се смета за најбрзо растечки канал на дигитално огласување и за него, во 2015 година се предвидува раст од 20% со што ќе достигне вредност од 2,7 милијарди фунти, а 39% од тоа ќе оѕиде на мобилните уреди.