Home » Во фокусот » Улогата на социјалните мрежи во кариерата на секој поединец

Улогата на социјалните мрежи во кариерата на секој поединец

Следниот пат кога ќе навредувате некого на Твитер или ќе објавите слика на која сте пијани, само запомнете дека вашите потенцијални работодавци го гледаат ова – што може да ве чини многу. Еден од пет работодавци вели дека ги одбиле кандидатите после онлајн пребарување, открива истражувањето на YouGov. Иако повеќето луѓе се свесни за недостатоците на социјални мрежи, бројот на компании кои ги одбиваат кандидатите врз основа на пребарувањета на социјалните мрежи, укажува на тоа дека постојат луѓе кои и понатаму не размислуваат пред да објават нешто.

Што бараат работодавците?

Агресивен или навредлив говор е најнепосакуваната активност на социјалните мрежи. Три четвртини од работодавачите велат дека ова би можело да влијае врз нивното одбивање на таков кандидат за тоа да не ја добие работата. Инсинуациите за употреба на дрога следи како втора најнепосакувана активност на социјалните мрежи, а на третото место, како изненадување, е лошиот правопис и граматика, бидејќи повеќе од половина од работодавачите го посочиле токму тоа како причина за одбивање на кандидатот. Всушност, лошото пишување и граматиката се поштетни за угледот на кандидатите од пијаните фотофрафии, кои се на четврто место.

Поверојатно е дека поголемите компании ќе ги отфрлат кандидатите

Големите компании најверојатно ќе ги отфрлат овие кандидати, а поверојатно е дека ќе извршат пребарување за нив, објави анкетата на YouGov. Повеќе од една четвртина од големите компании ги отфрлиле кандидатите врз основа на она што го откриле на интернет, додека оваа бројка паѓа на еден од десет кај помалите компании. Во големите компании, само една од пет велат дека не ги проверуваат кандидатите, додека пак бројот се зголемува на две од пет во помалите компании.

Повеќе од 2.000 менаџери беа интервјуирани за нивните одлуки за регрутирање на нови работници, а половина од испитаниците рекле дека ги разгледуваат профилите на кандидатите. Најчесто ја проверуваат платформата LinkedIn, а следи Facebook, а на трето место е Twitter. Instagram е на четвртото место, додека петтото место го делат некогаш многу популарните MySpace, Tumblr и Flickr.

Не е се` готово кога ќе се вработите

Според една друга студија, речиси еден од пет работодавачи го отпуштиле тековниот вработен за нешто што го објавил на социјалните мрежи. Истражувањето, спроведено од CareerBuilder, го нагласува ризикот од непромислените активности на социјалните мрежи.

“Важно е да одржите соодветен личен бренд и да обезбедите дека она што го постирате, е нешто за што ќе се чувствувате удобно кога ќе го види вашиот работодавец”, изјави за CNBC Розмари Хефнер, главен директор за човечки ресурси во CareerBuilder. Околу тоа дали работодавачите треба да ги следат активностите на вработените на социјалните мрежи или не, постои сериозна дискусија. Некои вработени сметаат дека ова е инвазија на нивната приватност, додека работодавачите, напротив, велат дека сите информации на интернет се во јавна сопственост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365