Home » Во фокусот » Унгарската влада сака да ги укине медиа бонусите за тамошните маркетинг агенции

Унгарската влада сака да ги укине медиа бонусите за тамошните маркетинг агенции

Унгарската влада на дневен ред за следната недела предлага собранието да донесе закон со кој ќе им се забрани на адвертајзинг агенциите да склучуваат договори со медиските групации за користење на бонуси при реализација на медиа плановите.

media agency

Предлог законот се планира да биде во сила од почетокот на 2016 година и со него медиумите ќе бидат ограничени да ги “наградуваат“ агенциите со бонусите кои таму вообичаено се движат од 20-25% (во ретки случаи стигнуваат и до 50%) кои ги добиваат агенциите заради тоа што ги “упатиле“ своите клиенти да се огласуваат на тој медиум.

Откако новиот закон ќе биде усвоен, медиумите ќе склучуваат договори за огласување директно со огласувачите (без агенција како посредник) кои ќе мора да им платат директно на самите медиуми.

Ова информација денеска ја пласираше унгарскиот дневен весник Napi Gazdaság а ја пренесоа и повеќе други унгарски веб портали.

 

 

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365