Компанијата United media поднесе барање до Комисијата за заштита на конкуренцијата на Србија за купување на 100% удел во компанијата Direct media на пазарите во Србија, Црна Гора, Македонија и Албанија.
United Media, која е сопственик и на Телевизијата N1, е дел од регионалната United Group, која е во мнозинска сопственост на инвестициската компанија KKR. Дел од United Group која работи во шест земји од поранешна Југославија е и компанијата SBB.
Со оваа аквизиција, Direct Media станува дел од големиот систем на United mediа и го продолжува развојот на нови технологии, иновативни адвертајзинг модели и примена на дигиталниот маркетинг. Ова ќе им овозможи на осмислените решенија да се пласираат преку разни платформи, а Direct media ќе обезбеди потенцијал за понатамошен раст, соопшти компанијата.
“Direct media е модерна адвертајзинг агенција која има голем број клиенти во неколку земји од регионот, одлични односи со телевизиски станици и медиуми и добро развиени модели на пласирање и монетизација на локалната продукција и атрактивни содржини. Затоа ги препознавме како одлична платформа за започнување на трансформација на телевизијата во регионот преку примена на нови технологии кои сега се воведуваат низ целиот свет “, изјави директорот на United mediа, Александра Суботиќ.