Home » Во фокусот » Успех за кампањите на Coca-Cola Company, Koncern Bambi и Ahold Delhaize на вториот Effie Awards Србија

Успех за кампањите на Coca-Cola Company, Koncern Bambi и Ahold Delhaize на вториот Effie Awards Србија

На вториот фестивал Effie Awards во Србија, во конкуренција на вкупно 49 пријавени проекти, кампањите на компаниите Кока-Кола и Бамби, потпишани од страна на McCann Белград во соработка со UM Белград, освоија бронзени признанија за ефикасност и постигнување на бизнис резултати, додека кампањата на компанијата Ahold Delhaize е финалист во категоријата Retail .

Кампањата “Србија е neXt инспирација” за neXt и Кока Кола освои бронзен Effie. На кампањата работеа тимови од агенциите McCann Белград и UM Белград. Бамби и Плазма Слана освоија бронзен Effie за кампањата “Ново плазма искуство“, зад која стои тимот на McCann Белград. Меѓу финалистите на натпреварот, исто така, се најде и кампањата на компанијата Ahold Delhaize за брендот Макси.

Признанијата Effie ги наградуваат оние кампањи кои се ефикасни во започнувањето на продажбата и зголемување на препознатливоста на компаниите и брендовите, а со тоа претставуваат доказ за исплатливоста на вложените средства, но и за ефективен креативен пристап, кои заедно го поттикнуваат работењето на клиентите и зголемувањето на нивниот удел на пазарот.

“Успехот на фестивалот Effie е доказ за нашата страст и мотивација да креираме фантастични работи кои директно придонесуваат за работењето на нашите клиенти, ја менуваат културата и го движат пазарот. Но, она што овие награди се разликуваат од повеќето други и што ги прави особено вредни, е тоа што ја наградуваат тимската работа на клиентите и сите агенции вклучени во проектот”, изјави Катарина Прибичевиќ, директор за стратешко планирање на McCann Белград.

Јована Петровиќ, регионален менаџер за услужување клиенти во медиската агенција UM Белград, истакна: “Честа е посебна кога кампањата ќе добие Effie награда, бидејќи фактот што нејзините ефекти ги оценуваат најстручните луѓе во индустријата ја прави нашата работа признаена и ценета. Ова е голема чест за агенцијата UM, а главниот клуч за успехот, е всушност, довербата што ни ја укажуваат клиентите. Единствено партнерскиот однос може да доведе до успех и тоа е она што ние упорно го правиме, а наградите го докажуваат тоа. “

Effie ја проценува ефикасноста на рекламните кампањи според светските стандарди и им оддава признание на силните идеи кои ги постигнале целите на клиентите и брендовите. Токму овие награди претставуваат најдобар показател дека инвестициите во маркетинг и рекламирање се вредни и даваат значајни резултати за бизнисот на клиентите. Успехот на агенциите McCann и UM Белград е продолжение на успехот на McCann Worldgroup мрежата, која е прогласена за најефективна креативна агенциска мрежа во 2018 година според глобалниот Effie Индекс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365