Home » Во фокусот » Успешните брендови трошат 69% од своите буџети на комбинација на ТВ и дигитални канали

Успешните брендови трошат 69% од своите буџети на комбинација на ТВ и дигитални канали

Ниските буџетски кампањи главно се фокусираат на дигитални канали, додека поголемите буџети одат на ТВ

WARC го објави најновото издание на својот извештај за распределба на медиските буџети, Media Allocation Benchmark, кој открива типичен буџетски распоред за многу успешни кампањи.

Користејќи ја својата база на ефикасни рекламни кампањи, WARC анализираше речиси 840 студии на случај од периодот помеѓу 2009 и 2017 година, кои содржат информации за распределбата на средствата и буџетот за телевизија, дигитални медиуми, печат, билборди, искуствено рекламирање и други медиуми.

Според извештајот, успешните брендови инвестирале во просек 69% од нивните буџети во комбинација на телевизиски и дигитални канали во периодот од 2013 до 2017 година.

Најголемата детерминанта на распределбата на буџетот кон медиумите е неговата големина. Успешните, наградувани кампањи со помал буџет се главно фокусирани на дигиталните канали. Од друга страна, кога станува збор за наградувани кампањи со повисоки буџети, на ТВ отпаѓаат повеќе од 60% од инвестициите во рекламирањето.

Понатаму, WARC, исто така, утврдува дека распределбата на буџетот кон медиумите се разликува и по сектори. Категориите со ниски буџети, како што се владините и непрофитните сектори, се изразито дигитално ориентирани, како што е случајот и со секторите за транспорт и туризам, каде потрошувачите сè повеќе купуваат онлајн.

Кога станува збор за концентрацијата на буџетот на одредени канали, највисока концентрација е забележана во секторот за храна, каде наградуваните кампањи доделувале 81% од својот буџет на микс на ТВ и дигитални канали.

Коментирајќи во врска со овие наоди, Ејми Роџерс, уредник на истражување во WARC, изјави: “Создавањето на вистинската рамнотежа меѓу телевизијата, која обезбедува досег и дигиталните канали, кои служат како дополнение на досегот и помагаат во активирањето, е клучна компонента во распределбата на медискиот буџет. Резултатите покажуваат дека кога е достапен дополнителен буџет, често се вложува во телевизија.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365