Home » Во фокусот » Вечерва ќе ги дознаеме победниците на SEMPL

Вечерва ќе ги дознаеме победниците на SEMPL

28.11.2013

Вечерва околу 22:00 часот, официјално ќе бидат прогласени овогодинешните победници на 15-тиот по ред SEMPL, семинарот на медиа трендови, кој претставува своевидно финале на регионалните маркетинг фестивали во регионов.

sempler

Како што веќе пишувавме, од Македонија единствени претставници кои успеаа да влезат во финалето се McCann Скопје со нивните проекти за “Алкалоид“ и “Тиквеш“. Тие се финалисти во категориите “Најдобра кампања на социјалните медиуми“ и “Најдобра употреба на дигиталниот свет“.

Другите проекти кои се пласираа во финалето и кои се надеваат на некоја од престижните SEMPL награди се следниве:

Категорија A – STRATEGIC USE OF THE MEDIA MIX

AXE Appollo
Entry maker: PHD, Slovenia
Advertiser: Unilever

HTC One Launch
Entry maker: Proximity Zagreb, Croatia
Advertiser: HTC

Cracking prices
Entry maker: Direct Media Komunikacije, Formitas BBDO, Slovenia
Advertiser: Spar Slovenija

Share a Coke
Entry maker: Universal Media, Serbia
Advertiser: The Coca Cola Company

Категорија B – INNOVATIVE USE OF THE COMMUNICATION CHANNEL

Bliskomat
Entry maker:Sonce.net, ZenithOptimedia, Si.mobil, Slovenia
Advertiser: Si.mobil

Itak Cut – toilets advertising
Entry maker: Telekom Slovenije, Pristop, Slovenia
Advertiser: Telekom Slovenije

Категорија C – BEST TARGETED CAMPAIGN

Siol pokal
Entry maker: Telekom Slovenije, Pristop, Slovenia
Advertiser: Telekom Slovenije

Dove AdMakeover
Entry maker: PHD, Slovenia
Advertiser: Unilever

HTC One launch
Entry maker: Proximity Zagreb, Croatia
Advertiser: HTC

Inspect your roof
Entry maker: Pristop, Pristop Media, Slovenia
Advertiser: Bramac Slovenija

Be In Vogue
Entry maker: OMD Media, Croatia
Advertiser: Vogue/ Luxottica SEE

Orto podpira longboarde
Entry maker: Sonce.net, ZenithOptimedia, Si.mobil, Slovenia
Advertiser: Si.mobil

Категорија D – BEST EXPERIENTIAL CAMPAIGN

Itak Ven
Entry maker: Renderspace, Slovenia
Advertiser: Telekom Slovenije

Ljubno in Ljubljana
Entry maker: Saatchi & Saatchi, MMS Marketinške komunikacije, Slovenia
Advertiser: BTC

Legend saved the legend
Entry maker: Futura DDB, Slovenia
Advertiser: Belinka

Helios Spektra – painting school walls for a Guinness world record
Entry maker: Publicis, MMS Marketinške komunikacije, Slovenia
Advertiser: Helios

Категорија E – BEST USE OF THE DIGITAL WORLD

Tikves Wine Bon Ton
Entry maker: McCann Skopje, Macedonia
Advertiser: Tikves Winery

Novi neomejeni Orto paketi
Entry maker: Sonce.net, ZenithOptimedia, Si.mobil, Slovenia
Advertiser: Si.mobil

Itak Ven
Entry maker: Renderspace, Slovenia
Advertiser: Telekom Slovenije

Категорија F – BEST SOCIAL MEDIA CAMPAIGN

Cockta Chinotto around the world
Entry maker: Renderspace, Slovenia
Advertiser: Atlantic Grupa

Becutan Radosnica
Entry maker: McCANN Skopje, Macedonia
Advertiser: Alkaloid AD Skopje

Dove AdMakeover
Entry maker: PHD , Slovenia
Advertiser: Unilever

Itak Ven
Entry maker: Renderspace, Slovenia
Advertiser: Telekom Slovenije

Освен вечерашното прогласување на победниците, денеска и утре во склоп на фестивалот, во Порторож има и целодневна програма која вклучува повеќе интересни панели и презентации на кои ќе бидат афирмирани најразлични теми и начнати важни предизвици за огласувачката индустрија во регионов и воопшто.

Од нив како поинтересни ги издвојуваме презентацијата на Kivilcim Kayabali од Partner Salesbrain (Турција),  која ќе зборува за Невромаркетинг и како да ја најдете G-точката на потрошувачите, презентацијата на Сашо Пешев од Македонија (директорот на New Moment) кој ќе ја презентира кампањата “10 meteres apart“ која оваа година собра еден куп награди по фестивалите низ Европа,  како и панелот чиј домаќин ќе биде нашиот колега Marjan Novak, уредникот на Marketing Magazin од Словенија за развојот на медиумите во регионов, на кој покрај него ќе учествуваат и Павел Станчев (CEO, Antenna Group SEE) , Томаж Дрозг (CEO and owner, Adria Media, Slovenia), Томислав Врусс (CEO, Jutarnji list, EPH, Croatia) и Јанја Божиќ Маролт (CEO, Mediana, Slovenia).

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365