Home » Extra 5 » Verizon го купува AOL за 4.4 милијарди долари

Verizon го купува AOL за 4.4 милијарди долари

Verizon Communications Inc. склучи договор со кој ги купи AOL Inc. во зделка проценета на 4.4 милијарди долари и со тоа најголемиот американски wireless оператор доби своја дигитална содржина и веб-адвертајзинг платформи.

Verizon ќе плати 50 долари по акција, 17% повеќе од вредноста на акциите на AOL во понеделникот. Генералниот извршен директор на AOL, Тим Армстронг, ќе продолжи да ги води операциите на AOL откако зделката ќе биде комплетирана, соопштија компаниите утрово.

verizon-aol

 “AOL повторно стана дигитален пионир, и ние сме возбудени од можноста за трасирање нов курс заедно во дигитално поврзаниот свет”, истакна CEO-то на Verizon Ловел МекАдам.

Договорот може да има импликации низ дигиталната-адвертајзинг индустрија.

Verizon ја има способноста да ги идентификува корисниците како преоѓаат меѓу десктоп и мобилни уреди. Овие податоци можат да го решат еден од најголемите проблеми кои ги мачи дигиталните адвертајзинг компании, кои, поради слабата функционалност на ‘колачињата’ на мобилните уреди, имаат тешкотии со правилното функционирање на нивниот таргетинг надвор од десктоп уреди.

Verizon веќе ги вмешува своите прсти во адвертајзинг технологијата во обид да ги искористи овие податоци. Минатата година го лансираше PrecisionID, алтернатива на ‘колачиња’, со ограничена група на партнери.

AOL има моќен куп на ad-tech софтвери кои ги користи за купување на реклами низ интернетот. Ако Verizon создаде единствен идентификувач и му даде ексклузивитет на адвертајзинг-технолошката платформа на AOL, резултат може да биде вреден за огласувачите и лукративен за здружената компанија. Единствениот друг голем играч со солидно решение за идентификација на корисниците низ уредите е Facebook. Богат со логин-податоци, компанијата го ре-лансираше Atlas рекламниот сервер во Септември за да се справи со овој проблем. AOL претстави технологија за справување со проблемот минатиот Октомври, но не е толку прецизена како онаа на Facebook.

Verizon истакна дека планира да го плати договорот со кеш на рака и хартии од вредност. Трансакцијата се очекува да биде комплетирана до крајот на летото, додадоа компаниите. Акциите на AOL скокнаа и до 19%, однсно 50.70 долари, над понудената цена на Verizon.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365