Мрачните сценарија во кои војска на роботи им го земаат лебот на работниците очигледно повеќе не се во тренд, а некои експерти велат дека побарувачката на работници се зголемува токму благодарение на вештачката интелигенција, бидејќи на компаниите им треба повеќе персонал кој ја разбира новата технологија.
И додека за потенцијално негативните влијанија на вештачката интелигенција е дискутирано многу пати, научниците сега очекуваат дека таа создава нови работни места во некои сектори. Компаниите исто така вработуваат експерти кои го следат процесот на имплементација на новите технологии, а тоа, како што се тврди, позитивно влијае на бројот на работни места. Се очекува дека емоционалната интелигенција во иднина да биде еден од клучните фактори кога станува збор за работи кои ги вршат луѓето, а дека роботите генерално ќе ја превземат физичката работа, како и оние работи кои имаат високо ниво на ризик за обичните работници.
Луѓето, на тој начин, ќе продолжат да владеат во областите кои бараат специфични вештини, како што се уметноста и забавната индустрија и во сите области кои бараат т.н. “човечкиот елемент,” како продажба и маркетинг, бидејќи во нивни рамки е неопходно познавање на човековата природа, која роботите ја немаат.
На крајот, се чини дека, како и обично, ќе страдаат само физичките работници, како и оние кои вршат повторливи задачи, а дека на цена ќе бидат оние кои имаат одредени таленти, што до одреден степен сепак загрижува, бидејќи сепак е најголем процентот на оние чии места би можеле да бидат заменети со поефтината механичка работна сила.