Home » Digital » Viber ги претставува Viber Communities-заедници на 1 милијарда членови

Viber ги претставува Viber Communities-заедници на 1 милијарда членови

Viber ја менува сцената на мега-групните четови со воведување на Viber Communities, заедница во која 1 милијарда членови може да се изразат во рамките на ист разговор.

Viber, една од водечките глобални апликации за размена на пораки, вчера го објави лансирањето на Viber Communities  – со што стана прва апликација од овој вид, која нуди простор за разговори во кои една милијарда корисници ќе можат непречено да разменуваат пораки и сите видови содржини. Додека моменталната состојба на пазарот ги ограничува групните четови на стотици или илјадници корисници, Viber оди подалеку и им овозможува на корисниците единствена можност да се поврзат со соговорници од целиот свет на ниво кое е без преседан во индустријата на апликации за размена на пораки – со една милијарда корисници во еден единствен групен чет.

Со сегментираните управувачки улоги и моќните функции за управување со четови, администраторите на Viber Communities ќе имаат беспрекорен продукт за водење на разговори, за поттикнување на размена на содржини и неограничено проширување на активните групи на корисници околу заеднички интереси, искуства, иницијативи и други теми – и тоа на многу добро познат интерфејс на нивните омилени и често користените апликации за размена на пораки.

Новите членови на Viber Communities ќе имаат пристап до целосната историја на четовите во овие заедници – и ќе можат да се вклучат во разговорите со користење на сите достапни функции на Viber – гифови, стикери, фотографии, видео фајлови, како и секако-основниот текст. Во согласност со Viber императивите – приватноста на содржината и безбедноста – само имињата на членовите на Viber Communities ќе бидат прикажани во четот, додека нивните лични телефонски броеви ќе бидат скриени од другите членови.

Супер администратори ќе ја контролираат улогата на членовите во Viber Communities – ќе прифаќаат и додаваат нови членови на заедницата и ќе ги промовираат до статус на администратор или супер администратор, ќе исфрлаат или блокираат членови, ќе одлучуваат дали ќе можат да учествуваат во разговорите и ќе покануваат нови членови да се приклучат на Заедницата.

Супер администраторите, исто така, ќе можат да доделат одредени одговорности на администраторите – за полесно да ги модерираат разговорите: со можност да избришат една или сите пораки на некои од учесниците и полесно да ја распределуваат содржината на дискусијата со користење на означени пораки (“pinned messages”). Администраторите, исто така, ќе имаат можност да додаваат или исклучуваат учесници – по потреба.

Viber Communities се веќе активирани од страна на избрани партнери. Фудбалскиот клуб Олимпик од Марсеј, комуницира со своите навивачи преку овој канал и им нуди исклучителна можност да разговараат со ѕвездите и управата на клубот. Minitе Media, компанија за креирање и дистрибуција на спортски содржини, користи своја Заедница на Вибер, во исполнување на своите ветувања до спортските љубители да им биде овозможено да се слушне и нивниот глас. Дигиталниот сервис за набавка на содржини OverDrive, создаде своја Заедница, со цел со помош на Вибер, да управува со локалните читателски клубови кои водат јавни библиотеки низ САД.

“Вибер се обидува да ги зближи луѓето, преку лични врски и заеднички страсти и интереси”, вели Џемал Агауа, генерален директор на Вибер. “На луѓето треба да им се обезбеди можност слободно да комуницираат и да се дружат меѓусебно – каде и да се наоѓаат – и заради таа причина го создадовме Viber Communities. За прв пат, групи корисници во неограничен број ќе можат да формираат заедници околу заеднички теми, додека администраторите ќе бидат опремени со моќни нови функции кои ќе им овозможат лесно и ефикасно управување. Нашите Заедници не се единствени само поради тоа што се “ограничени” на 1 милијарда учесници, туку и поради тоа што за прв пат на сопствениците им овозможуваат  монетизацијата- што им дава дополнителна вредност на корисниците и организациите кои сакаат да создаваат ангажирани и корисни групи на луѓе ширум светот. “

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365