Home » Extra 5 » Viber воведе можност за бришење на испратените пораки

Viber воведе можност за бришење на испратените пораки

Мобилните апликации на Viber за iOS и Android оваа недела добија надградба која што донесе неколку новости.

Како што пренесува SmartPortal.mk , главната новост е можноста за бришење на (погрешно) испратените пораки. Корисниците и досега ја имаа можноста да избришат одредена порака, меѓутоа истата се бришеше само од уредот на испраќачот (сеуште остануваше кај примачот), што практично ја правеше скоро бескорисна.

viber-message-delete-1

Сега, како и на многу други конкурентни апликации, по бришење на пораката, истата ќе ја снема и од уредот на тој што ја примил.

Кога сакате да избришете одредена порака, ќе ви биде даден избор помеѓу нејзино бришење само од уредот (бришење само за Вас) или бришење за сите.

Покрај оваа можност, Viber добива и можност за испраќање на фајлови со што се отвора можноста за споделување на документи и слични досега недостапни работи.

Viber за iOS добива и неколку новости специфични за таа платформа, па корисниците сега ќе можат да го искористат системот за интерактивни известувања, односно да одговорат на пораките без да мора да ја отворат целата апликација. Исто така, пораките и контактите ќе може да бидат пребарувани преку Spotlight, а испраќањето на фајлови ќе може да се прави и од iCloud.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365