battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Online видео огласување преку мрежата на Httpool

Online видео огласување преку мрежата на Httpool

Видео огласувањето беше наредниот, логичен чекор во еволуцијата на онлајн огласните формати. Зголемувањето на брзината на интернет конекцијата, инфилтрирањето на новите типови на уреди и намалената ефикасност на  стандардните огласни формати придонесе овој тип на огласување да земе огромен замав.

Главните придобивки од видео рекламирање се следните:

1. Поголемо влијание во однос на ТВ рекламите според метриките во испитувањето на Nielsеn за мерење на ефикасност.

2. Проширување на ефектот на ТВ рекламирањето преку дистрибуирање на видео до релевантна онлајн публика, како и до публика која помалку гледа ТВ.

Видео огласувањето на интернет во Македонија може да се изведе на еден од два начина:

  • Стандарден, директен закуп на позиции: закуп на видео банер на главните, видливи позиции на сајтовите, на база на закуп на импресии  или фиксен закуп. Цените се од 30% до 50% повисоки во однос на цените за стандардни банери.
  • Закуп на видео банер преку мрежа на сајтови. Ваков пример е платформата на Httpool, преку која може да се сервираат видео банери на сите сајтови во мрежата.

Огласниот формат е видео оглас кој се прикажува во банер позициите со димензија 300×250 пиксели на македонските сајтови во локалната мрежа на Httpool. Видео огласот функционира на принципот autoplay – т.е се пушта само откако ќе биде во видното поле на посетителот на страницата најмалку 2 секунди. Огласувачот може да ја замени првичната фотографија со било која креатива во формат 300×250, а самиот видео фајл не треба да биде подолг од 30 секунди и да не биде побрз од 25fps. При прикажувањето видео огласот изгледа вака:

 видео огласување

Изборот каде ќе се прикажува огласот може да се направи на еден од наредните два начина:

Контекстуално и/ или по категории: видео огласот ќе се прикажува само во оние артикли каде што платформата препознава најмалку еден од клучните зборови наведени од огласувачот и/или само на сајтовите кои се наведени во соодветната избрана категорија;

Перформанс: огласот се прикажува на сите позиции  на кои е овозможен видео оглас.

Клучниот бенефит на ваквиот закуп е тоа што истиот може да се изведе многу поефтино, да опфати поголем дел од публиката која ги „одбегнува“ најпосетуваните македонски веб дестинации и резултатите на истиот да се следат во реално време.

За повеќе информации, обратете се на info@httpool.com.mk или пак на 02 30 60 888. Уште подобро, креирајте ја вашата прва видео огласна кампања на https://adplatform.httpool.com.mk.

Автор Филип Младеновски

Филип Младеновски е дел од тимот на Httpool во Македонија од 2013. Таму работи како менаџер за огласување, чија специјалност е огласувањето на социјалните медиуми и интегрирањето на сите онлајн огласни канали во полза на успешно реализирање на кампањите на клиентите.

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365