battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » ВИДЕО : За прв пат во Хрватска користен beamvertising

ВИДЕО : За прв пат во Хрватска користен beamvertising

Дел од зградите во хрватската престолнина Загреб, беа употребени како кино платно во најновата beamvertising кампања која Unex Grupa ја реализираше за својот клеинт Хит-радио Ентер.

Анимирани проекции во кои беа користени атрактивни визуални прикази на познатите DJ-и како Avici, Guettа и Rudimental чии хитови често се наоѓаат во етерот на Ентер урбаното радио, ги следеа возилата и пешаците кои се движеа низ загребските улици.

Дополнително внимание привелкуваше и гласната музика и audio city лајтовите кои беа програмирани наизменично да пуштаат MP3 и live stream музика од радиото.

Крунослав Сердар, креативниот директор на кампањата која покрај со овој герила настап е присутна и низ дигиталните медиуми и класичните комуникациски канали нагласи дека : “Ентер Загреб е урбано радио кое пушта само најнови хитови и како такво е насочено кон младата популација од 15 до 29 години. Ваквиот вид на герила маркетинг, популарно наречен beamvertising, за прв пат се употребува во Хрватска и ја исполни нашата цел да создадеме нешто креативно, ново и невидено за кое ќе се зборува во наредниот период 

Во продолжение погледнете го видеото од beamvertising кампањата низ Загреб :

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365