Home » Во фокусот » Видеото на барање (VOD) расте побрзо од сите други платени медиуми!

Видеото на барање (VOD) расте побрзо од сите други платени медиуми!

Инвестициите на потрошувачите и огласувачите во испораката на премиум видео содржини преку безжичен интернет брзо се зголемува во светот, а инвестициите во овој тип на содржина, или OTT (over-the-top), ќе достигне износ од 129.3 милијарди долари до 2023 година. Од оваа сума, се очекува дека огласувачите ќе вложат 46,6 милијарди долари (36%) на видео на барање финансирано со реклами (AVOD), што е речиси двојно повеќе во споредба со денешните вложувања.

Овие и други клучни наоди се дел од најновиот месечен извештај на WARC за глобалните трендови во огласувањето, овој пат фокусиран на OTT. Податоците од истражувањата на дигиталната телевизија, направени во 138 земји од целиот свет, за оваа година ја проценуваат вредноста на OTT пазарот на 68,7 милијарди долари, што претставува зголемување од 29% во споредба со 2017 година.

Се очекува дека нешто повеќе од една третина (34,7%), т.е. 23,8 милијарди долари, од овогодишните OTT инвестиции ќе одат на AVOD платформи, како што се Hulu, HBO Now и Sony Crackle.

Се очекува дека Кина ќе ги надмине САД и да стане најголем светски AVOD пазар за прв пат оваа година, привлекувајќи 8 милијарди долари од огласувачките буџети – што е една третина од вкупната светска вредност. Се очекува дека AVOD ќе привлече во САД само малку под оваа сума, односно 7,9 милијарди долари.

Треба да се напомене дека AVOD сеуште се во својот зачеток. Очекуваните 23,8 милијарди долари инвестиции од страна на брендовите претставуваат 5,2% удел во глобалните инвестиции во рекламирањето оваа година (што претставува пораст во однос на 4,5% во 2017 и 3,7% во 2016 година). Сепак, во споредба со податоците во извештајот International Ad Forecast на WARC, видливо е дека инвестициите во AVOD растат побрзо од другите платени медиуми, а вредноста на пазарот речиси ќе се удвои до 2023 година, со предвидена сума од 46,6 милијарди долари.

59,5 милиони домови во САД користеле видео на барање во април 2018 година, што претставува зголемување од 17% на годишно ниво спорд податоците на компанијата comScore. Оваа бројка претставува речиси две третини (63,5%) од сите домови со Wi-Fi во оваа земја.

Една третина од американските домови кои користат видео на барање моментално се “безжични”, што значи дека не користат платена кабловска или сателитска претплата. Дури 18% од домаќинствата претходно имале претплатнички ТВ услуги, но ги напуштиле во корист на ОТТ, додека 14% никогаш не ги користеле таквите услуги.

Растот на пенетрацијата на интернетот, брзината на безжичните услуги и растот на бројот на уреди овозможуваат поразновидно доживување при гледањето. Покрај тоа што обезбедува поголема удобност за потрошувачите, исто така ја усложнува комплексноста и технолошките предизвици за паркетерите, бидејќи медиумскиот пејзаж се` повеќе се менува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365