Home » Компании » Вината на „Тиквеш“ освоија 15 награди во Лондон

Вината на „Тиквеш“ освоија 15 награди во Лондон

Винарската визба „Тиквеш“ го повтори одличниот успех од минатите години, освојувајќи нови 15 награди за своите врвни вина на годинешниот меѓународен вински натпревар – International Wine Challenge (IWC), кој годинава по 35-ти пат се одржа во Лондон, В. Британија.

На годинешниот натпревар, на кој традиционално за награди конкурираат и по неколку илјади вина од 55 земји и светски познати вински региони, сребрени медали добија „Бела Вода (бело) 2017“ и „Темјаника класик 2017“.

Истовремено, бронзени медали освоија 11 вина на „Тиквеш“. Меѓу добитниците се четири црвени вина и тоа: „Барово“ од бербата 2015, „Александрија куве“ и вината „Вранец“ и „Плавец“ од серијата „Special Selection“ од бербата 2016-та, како и „Каберне Франк Special Selection“ од бербата 2017-та. Бронзен медал му е доделено и на розе виното „Александрија“ од берба 2016-та, како и на белото вино „Виоње Special Selection 2017“. Наградени се и четири вина на „Тиквеш“ кои се посебни купажи достапни само на британскиот пазар. На вината „Совињон Бланк Special Selection“ од бербата 2017-та и „Т’га за југ“ од бербата 2016-та, жирито на натпреварот им доделели специјално признание и препорака.

Со 15 наградени вина на еден од најмасовните и најугледните светски вински натпревари, „Тиквеш“ го потврди реномето на најтрофејна винарница од овој дел на светот и обезбеди уште еден доказ за квалитетот на вината од нашето поднебје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365