Home » Во фокусот » Vip лансира четбот базиран на вештачка интелигенција

Vip лансира четбот базиран на вештачка интелигенција

“Славчо”е првиот четбот кој разбира и пишува македонски

Телекомуникацискaта компанија Vip оди чекор напред со воведувањето нова алатка за унапредување на корисничкото искуство и со гордост го претставува “Славчо” – најновата технолошка иновација на македонскиот телекомуникациски пазар, виртуелен експерт кој е базиран на вештачка интелигенција, дизајниран да понуди помош на корисниците во изборот на нов смартфон од понудата на Vip.

“Славчо” е првиот виртуелен експерт во форма на четбот со човечки карактеристики кој може да комуницира на македонски јазик притоа разбирајќи кирилица и латиница. Со лансирањето на овој четбот Vip ја потврдува својата определба да обезбеди наједноставен и најлесен начин за избор на смартфон бидејќи главната цел на “Славчо” е да им помогне на корисниците при избор во процесот на купување на нов телефон од понудата на Vip и оваа активност да ја претвори во пријатно и забавно искуство”, изјави Мислав Галер, Извршен директор на Vip.

Советникот преку водење на кратка чет конверзација со корисникот, ќе се обиде да дознае кои се неговите потреби, навики и што најмногу вреднува кај еден телефон, по што ќе му препорача неколку телефони кои би ги задоволиле потребите на корисникот, како што тоа би го сторил и реален експерт.

За да им помогне на корисниците да ја донесат конечната одлука, “Славчо” исто така обезбедува линкови до релевантни извори како што се прегледи, фотографии и видеа за смартфони од најпознатите светски канали за телефоните кои се во финалната листа избрана од страна на корисникот.

Настрана од ова, корисникот исто така ќе добива одговори на најчесто поставувани прашања во врска со услугите на Vip како и решенија на можните технички проблеми.

Четботот се справува со повеќе области на знаење со тоа што инкорпорира комбинација на модули за длабинско учење и машинско учење кои се одговорни за разбирање на контекст и составување на пораки.

За да се допишуваат со “Славчо” корисниците треба едноставно во пребарувачот да пристапат на  www.sakamtelefon.mk и да ги добијат саканите информации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365