battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Промовирана е истражувачка едиција во областа на медиумите и комуникациите

Промовирана е истражувачка едиција во областа на медиумите и комуникациите

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ја претстави новата истражувачка едиција „Res Public“ и ги додели првите дипломи за завршени додипломски студии.

Res Public“ е заедничка едиција на Високата школа со научниот Институт за комуникациски студии, што го основаше за развивање на истражувања и постдипломски студии во областа на комуникациите и медиумите. Првите три студии од едицијата се во авторство на тим професори од Високата школа и докажани истражувачи во областа на медиумите. Тие ги содржат резултатите од истражувањата за начините на кои медиумите известуваат за различностите, религиските и етничките прашања, како и влијанието врз јавноста кое го креираат информирајќи за овие теми.

visoka skola za novinarstvo i odnosi so javnosta 1

 

„Различностите низ призмата на редакциите: Поглед одблизу врз создавањето на вестите“ ја прикажува состојбата во редакциите и ставовите и перцепциите на уредниците, новинарите и на дел од сопствениците за темите поврзани со известувањето за различностите.

„Известување од паралелни светови: Медиумите на заедниците во Македонија“ отворa сериозни прашања за правата на етничките заедници во медиумската сфера во Македонија, за регулаторната политика во оваа област и за предизвиците што се поставуваат пред новинарската професионална заедница.

„Известувањето за меѓурелигиските и меѓуетничките тензии: Значењето зад насловите“ се фокусира на медиумското покривање на прашањата од мултиетнички и мултирелигиозен карактер и на почитувањето на професионалните новинарски стандарди во информирањето на јавноста.

Новата едиција „Res Public“ ги постави предизвиците и пред првите дипломирани студенти на додипломските студии за новинарство и за корпоративни комуникации и односи со јавноста. Интелектуалното окружување за учење и работа, што Високата школа го понуди во текот на тригодишните студии, им овозможи на студентите да стекнат сеопфатно знаење и способности и да најдат професионален ангажман веднаш по дипломирањето.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365