Home » Во фокусот » Виза ги повлече рекламите во кои се појавува Морган Фримен

Виза ги повлече рекламите во кои се појавува Морган Фримен

Компанијата за кредитни картички Виза, во петокот објави дека ќе престане со емитување на рекламите во кои се појавува Марган Фримен, после наводите дека познатиот глумец сексуално вознемирувал неколку жени.

Свесни сме за обвиненијата против г. Фримен. Во овој момент, Виза ќе ги суспендира рекламите во кои се појавува актерот – изјави портпаролот на Виза.

Весникот “Њујорк тајмс” пренесува дека не е познато како сексуалните обвинувања ќе влијаат врз другите ангажмани на добитникот на Оскар.

Осум жени го обвинија Фримен за сексуално вознемирување и тој е последен во низата на познати личности од филмската индустрија, обвинети за несоодветно однесување од појавата на аферата со продуцентот Харви Вајнштајн.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365