Home » Во фокусот » Влијанието на креаторите на јавното мислење

Влијанието на креаторите на јавното мислење

Почитувани, денеска сакам да кажам збор-два за една тема на која треба да размислувате и секогаш да ја имате на ум кога планирате да подготвувате било каква кампања, дали маркетинг за вашата компанија или производ, ПР за вашиот клиент или политичка за вашиот кандидат.

Во овој текст, сакам да афирмирам неколку размислувања за креаторите на јавното мислење.

Факт е дека многу луѓе се склони да ги прифатат туѓите мислења, особено луѓето кои ги почитуваат, а кои често се нарекуваат “креатори на јавното мислење“ (или едноставно “лидери“)

 маркетинг365, marketing365.mk , опинион леадерс, vlijanieto na kreatorite, влијанието на креаторите

Тие можат да се поделат во две категории:

1. Оние кои и формално се лидери (по својата титула или позиција), во нив спаѓаат: професори, пратеници,функционери, свештени лица и сл.

2.Неформалните креатори на јавното мислење, кои со својата топлина, човечност или харизма силно влијаат на своите соработници, пријатели и познаници.

Е сега, знаејќи го сето тоа, се претпоставува дека, ако сакаме да успееме во нашите обиди да ги обликуваме ставовите (цел на нашата кампања),  ќе бидеме поуспешни ако влијаеме на мислењето на лидерите, кои од друга страна пак, ќе влијаат во својот круг. Овој феномен се нарекува фактор множител, со чијашто помош секоја промена на ставовите или мислењата на лидерите максимално се одразува на преостанатите делови на јавноста.

Проценките се дека деведесет отсто од луѓето се подложни на влијание на помалку од десет отсто од креаторите на јавното мислење.

Компјутерите и социјалните мрежи идеално го решија проблемот за директна комуникација со специфична целна јавност.

Една компанија може самата да приготви сопствена база на податоци за организациите и поединците кои можат да и бидат корисни. Ако таа база на податоци внимателно се подготвува и редовно се ажурира , во секој моментможиме да добиеме точен список на специфичната целна јавност за која се претпоставува дека би можела да биде заинтересирана за определено посебно прашање.

Таа можност, да на располагање имаме таков точен и прецизен адресар, ја отстранува потребата од пласирање на информацијата кон широк круг во надеж дека барем некоја порака ќе стигне до својата цел.

Еве еден пластичен пример:

Ако во Ресен постои човек кој се вика Ристе и е најголем производител на јаболка – познат меѓу своите сограѓани кои исто така се занимаваат со оваа гранка на земјоделието, како човек кој произведува најголеми количества квалитетно јаболко и кој исклучително ја познава работата со правилно третирање на овошките.

Од друга страна ние сме компанија која продава хемиски средства за третирање на јаболката и имаме за цел со нашата кампања да ги убедиме овоштарите од Ресен да го користат нашиот производ бидејќи неговиот состав е хемиски најпогоден за нивните потреби .

Ако нашата кампања ја насочиме кон Ристе ( го информираме за производот…му дозволиме да го користи бесплатно и сл) и тој го прифати нашиот производ, примерот и препораките кои тој ќе ги дава кон останатите овоштари ќе имаат “поголема тежина“ отколку тоа да го направи некој непознат експерт од Тетово,Скопје или Варшава.

Ние сме влијаеле кон локалниот лидер, односно креатор на јавното мислење за определена област (во случајов – третирање на овошките), а неговата репутација ни помогнала за успешноста на нашата кампања и прифаќање од пошироката јавност.

Факт исто така, кој не е фер а да не го споменам, е дека некои истражувачи воопшто не се согласуваат со целосното потпирање на мислењето за “големо влијание“ на креаторите на јавното мислење.     Па се препорачува да ова прашање (кое јас сметам дека е многу битно во планирањето на една кампања) се истражи, па или да се потврди класичното верување, или пак да се предложи друг, подобар, начин за насочување на комуникацијата за потребите на односите со јавноста.

Сепак, било како,  ова е аспект за кој вреди да се размислува и секогаш да се има на ум при планирањето на определена кампања.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365