Home » Во фокусот » Во Хрватска се формираше зружение за саморегулатива на деловните комуникации

Во Хрватска се формираше зружение за саморегулатива на деловните комуникации

Пред неколку дена во Загреб е основано Хрватско здружение за саморегулација на деловните комуникации која има за цел унапредување на квалитетот, угледот, веродостојноста и улогата на деловните комуникации во заедницата.

Основни активности на здружението ќе бидат проверување на жалбите во врска со пораките на кампањите, укажување на прекршувањата на Законот и Кодексот за огласување и деловни комуникации како и укажувања во прекршувањето на деловната етика.

Основачите на здружението кои воедно се и нејзини членови се ХУРА (Хрватско здружение за деловно комуницирање), Слободан Пресечки од агенцијата McCann Erikson кој е избран за Претседател, Игор Керн од ABC Hrvatska, Тина Грладиновиќ од Загрепачка Пивара како и Камило Антоловиќ од агенцијата К&К Promotion

Slobodan Presecki

Слободан Пресечки

Претседателот Пресечки по повод основањет на SRO (“Self-regulation organization” ) изјави: “Уверени сме дека ова тело ќе си ја заврши својата мисија бидејќи огласувачите и агенциите се порасположени да соработуваат по пат на саморегулација, отколку преку системот кој се заснова на законските одредби. Веруваме дека со озбилен и ентузијастички пристап во работата, Здружението ќе покаже резултати и ќе направи големи чекори во унапредувањето на имиџот на деловните домуникации a eдна од првите наши активности ќе биде ревизија на Кодексот за огласување “

Здружението ќе делува и во воспоставувањето, унапредувањето и примената на законодавството во областите на деловно комуницирање и ќе овозможува бесплатна советодавна помош на субјектите од областа како и на државните институции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365