Home » Во фокусот » Во исчекување на новата сезона на Game of Thrones, HBO ги повика фановите да ги споделат своите креации

Во исчекување на новата сезона на Game of Thrones, HBO ги повика фановите да ги споделат своите креации

HBO лансираше збирка на скулптури, слики и други уметнички дела инспирирани од оваа серија

Како дел од промоцијата на најновата сезона на популарната серија Game of Thrones, HBO започна интересен проект во кој ќе ги претстави скулптурите, сликите и другите уметнички дела од 18 уметници од целиот свет, инспирирани од оваа серија.

Почнувајќи со колекцијата The Fire Collection, која се состои од јајца и змејски черепи од страна на уметниците Симон О’Рурк и Џеф Сот, кампањата ќе продолжи со нови промоции инспирирани од други ликови и семејства во наредните недели.


Тоа е спин-оф кампања #ForTheThrone која повика фановите да ги споделат своите Game of Thrones креации на социјалните медиуми.

Од цртежи и скулптури, одмори поминати на локации каде што се снимаше серијата, именување на кучиња и мачки со имиња на ликови од серијата, стотици мемиња па се` до вистински престоли создадени од мечеви за свадбени прослави се појавија на социјалните мрежи како дел од оваа кампања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365