Home » Во фокусот » Во кампања на тема лажни вести, CNN докажува дека јаболкото не е банана

Во кампања на тема лажни вести, CNN докажува дека јаболкото не е банана

Дури и доколку напишат БАНАНА со сите големи букви, јаболкото и понатаму е јаболко

Телевизиската куќа CNN одлучи да вложи дел од својот маркетинг буџет во својата борба против лажните вести и во најновата кампања, под назив Facts First, сака да докаже дека јаболкото е јаболко, а не банана.

Рекламата е едноставно ветување дека оваа медиумска куќа јаболкото ќе го нарече јаболко, како што го гледа, дури и ако некои одлучат јаболкото да го наречат со банана.

Нараторот на рекламата вели: „Можат и да викаат, повторно и повторно, повторувајќи банана, банана, банана…Можат да напишат БАНАНА со сите големи букви. Можеби дури да почнете и да верувате дека ова е банана. Но, не е. Ова е јаболко.“

CNN е една од телевизиските куќи која забележа зголемен раст на релевантноста и сообраќајот откако Трамп стана претседател, откако жестоко ја критикуваше за наводното лажно известување оваа медиумска куќа.

Целта на кампањата е да ја пренесе вредноста на сопственото известување, во време кога фактите не се така непобитни како што беа некогаш.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365