Home » Во фокусот » Во Кина претставен робот ТВ презентер на вести

Во Кина претставен робот ТВ презентер на вести

Државната кинеска новинска агенција Ксинхуа минатата недела го претстави најновиот член на редакцијата: робот со вештачка интелигенција, кој “неуморно” ги презентира вестите секој ден од сите краеви на земјата.

Новиот презентер е дигиталната верзија на Qiua Hao, вистински презентер на телевизијата и ги имитира човечките движења, како климање со глава кога треба нешто да нагласи, трепкње и подигање на веѓите за време на говорот.

Јас не сум со вас само 24 часа дневно, туку 365 дена во годината“, вели Хао. Неговата роботска копија работи врз основа на инпути кои му се зададени во форма на текст.

Новинската агенција Ксинхуа, исто така, претстави презентер со вештачка интелигенција кој зборува англиски и кој е направен по примерот на друг вистински презентер, кој вели дека развојот на медиумската индустрија бара постојана иновација и длабока интеграција со напредните технологии и се радува на новите искуства.

Робототите –презентери се развиени да симулираат глас, движења на лице и гестикулации на вистински презентери. Тие се претставени за прв пат за време на годишната кинеска конференција за интернет. Гардијан пишува дека некои корисници на социјални мрежи од Кина реагирале дека се исплашени од роботски телевизиски презентери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365