Home » Во фокусот » 20 SEMPL: Во напредната технолошка средина мораме да станеме похумани

20 SEMPL: Во напредната технолошка средина мораме да станеме похумани

Јубилејниот 20 SEMPL најавува одлична програма и подеднакво одлична забава

Grand Hotel Bernardin во Порторож, Словенија на 29 и 30 ноември, ќе биде домаќин на повеќе од 1.200 професионалци од медиумско- комуникациската индустрија кои ќе одвојат два дена за спознавање на глобалните трендови во маркетингот, медиумите и комуникациите. Јубилејниот 20 SEMPL најавува одлична програма и подеднакво одлична забава.

Воведното предавање ќе ги разбие митовите за “злонамерните” технологии

20 SEMPL со предавање кое е наречено “The Majority Report: Media Opportunities in 2030,” ќе го отвори бритенско-американскиот двоец на глобалната советодавна компанија Kaleidoko. Деан Доналдсон и Џонатан Тавс, директори и коосновачи на оваа компанија, која соработува со голем број на стартапи и компании од листата на “Fortune 100”, најавуваат дека светот до 2030 година може неверојатно брзо да се промени. Научната фантастика и филмската индустрија во голема мера ни ја прикажуваат само темната страна на технолошкиот напредок, така што тие доаѓаат да нè просветлат за можностите што ги носи иднината и како можеме да се прилагодиме за да го искористиме човечкиот фактор во светот на вештачката интелигенција, блокчејн технологијата на податоци и генетиката.

Доаѓа еден од најистакнатите аналитичари во регионот

Испреплетување на технологијата и психологијата во својата ДНК има и еден од најпознатите регионални експерти за интернет аналитика, по образование психолог, Роберт Петковиќ од агенцијата Брукета&Жиниќ&Греј од Загреб. На податоците им придаваме сè поголемо значење, но сè уште погрешно ги користиме и ги интерпретираме. Роберт ќе открие кога и како можеме да користиме одредени мерења во дигиталниот маркетинг.

Дали знаете зошто е толку тешко да се постигне културата на иновации?

Нашиот мозок може да се обучи за да креира нови идеи. Со едноставни мисловни игри на асоцијација, може да се поттикне креативноста и секој поединец во компанијата да научи како да размислува иновативно. Лон Сафко, сериски иноватор и пронаоѓач, веројатно не е потребно посебно да се претставува. Фактот дека дури и Apple ги “краде” неговите пронајдоци зборува повеќе од доволно за овој харизматичен Американец кој ќе ги прикаже главните фактори кои ја кочат креативноста на вашата компанија за време на неговата работилница, а во исто време ќе им обезбедат на учесниците алатки и знаења за надминување на овие пречки.

Детална програма 20. SEMPL може да се најде на веб-страницата на конференцијата, каде што сите предавачи се детално претставени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365