Како проширување на новата кампања Be a Follower, Дизел ja зајакнува својата база на следбеници на социјалните медиуми, давајќи им можности да си обезбедат бенефиции и награди кои вообичаено се резервирани само за инфлуенсерите, благодарение на новата платформа SIDE:BIZ.
SIDE:BIZ е иновативен пристап кон е-трговија, кој им овозможува на секој фан на Дизел да отвори своја сопствена дигитална трговија. Програмата им дава можност на сите да станат бренд амбасадори на Дизел и на тој начин да заслужат награди.
За таа цел, корисниците треба да одат на нивната страница и да се регистрираат. Потоа добиваат линк за е-трговија, кој можат да го споделуваат, објавуваат и испраќаат на било кој преку текстуална порака или е-маил. Секогаш кога некој купува нешто користејќи ги овие ексклузивни линкови, нивниот сопственик ќе добие награда. Наградите се разликуваат во зависност од тоа каде живее лицето, а може да се движат од попусти и бесплатни производи, до посебни искуства за избрани.