Home » Во фокусот » Во оваа Божиќна реклама, дури ни Дедо Мраз не може де го дешифрира секое писмо

Во оваа Божиќна реклама, дури ни Дедо Мраз не може де го дешифрира секое писмо

Спотот насловен како „Цртеж“ го направи агенцијата BETC Париз за швајцарскиот малопродажен бренд Manor, и донесува забавна приказна за модерниот Дедо Мраз

Special Everyday, односно Посебен секој ден, е мотото на швајцарската трговска куќа Manor – да го направат секој ден посебен. Значи, кога е во прашање Божик, најпосебниот ден од годината, мораа да направат нешто на потполно необичен начин. Затоа, заедно со својата агенција BETC Париз, Manor направи Божиќна приказна со неочекуван пресврт.

Како што знаеме, Дедо Мраз е пренатрупан со писма од деца од целиот свет – оние што ги напишале постарите, а ги нацртале младите. Но, иaко звучи неверојатно, не е секое дете Пикасо, па што се случува кога дури ни Дедо Мраз не може да одгатне што покажува цртежот?

Да разочара некое дете? Нема шанси. За Дедо Мраз тоа е неприфатливо, па овај модерен Дедо Мраз го прифаќа предизвикот и го задолжува целиот тим да ја реши загатката. Меѓутоа, кога ни специјален тим на интернет научници не успеваат на да го дешифрираат криптичниот цртеж, Дедо Мраз се обраќа до Manor за помош…

Во правењето на овај анимиран спот, BETC Париз и Manor се обратија до колективот на агенцијат AgainstAllOdds. Спотот има вистински Божиќен шмек и донесува нов твист во класичната идеја за работилницата на Дедо Мраз.

Со оваа топла празнична приказна, Manor сака да ја донесе магијата на празниците и на сите им посакува многу „посебен“ и среќен Божиќ!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365